Забава
(Видео) Џон Бон Џови спречи жена да скокне од мост, обожавателите ја пофалија неговата реакција

Пејачот Џон Бон Џови во вторникот сними музичко видео на пешачкиот мост „Џон Сејгенталер“ во Нешвил, Тенеси. Во еден момент видел жена како стои на работ од мостот, па ѝ пришол и почнал да разговара со неа.
A shout out to @jonbonjovi & his team for helping a woman on the Seigenthaler Ped Bridge Tue night. Bon Jovi helped persuade her to come off the ledge over the Cumberland River to safety. “It takes all of us to help keep each other safe,”–Chief John Drake https://t.co/1YejKJ2WgM
— Metro Nashville PD (@MNPDNashville) September 11, 2024
Полициската управа во Нешвил сподели снимка од надзорните камери, на кои се гледа како музичарот ѝ приоѓа на жената и разговара со неа неколку минути. Пејачот успеал да ја спречи жената да скокне од мостот и со помош на случаен минувач ја однеле на безбеден дел од мостот.
NEW: Singer Jon Bon Jovi saves a woman from jumping off a bridge in Nashville, Tennessee while filming a music video.
Good man.
Bon Jovi was seen approaching a 62-year-old woman on the John Seigenthaler Pedestrian Bridge.
The musician leaned over the railing before… pic.twitter.com/msyGSU3hQW
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 11, 2024
Снимката почна да кружи на социјалните мрежи. Видеото се појави и на „Јутјуб“, но платформата го отстрани.
Инаку, Бон Џови има фондација наречена JBJ Soul Foundation, која им помага на луѓето во криза, од глад до бездомништво. Многу обожаватели ја пофалија неговата реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со благородно и љубезно срце

Некои луѓе само зрачат со добрина. Не затоа што сакаат да изгледаат подобри од другите, туку затоа што во нивната природа е да помагаат, разбираат и да бидат потпора кога сè друго ќе почне да се распаѓа.
Не бркаат пофалби, не ги објавуваат своите добри дела и не очекуваат ништо за возврат – најважно им е да знаат дека некому му го олесниле денот.
Ако им веруваме на ѕвездите, постои еден хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со такво срце. Луѓе кои ве прегрнуваат со поглед, лекуваат со зборови и секогаш имаат простор за уште едно пријателство, уште еден убав гест, уште едно: „Тука сум ако ти требам“.
Риби: Тивките херои на зодијакот
Рибите можеби не се најгласни, најхрабри или најорганизирани, но кога станува збор за топлината на срцето – ретко кој може да им парира. Нивната емпатија е безгранична, а нивната способност да се стават во туѓа кожа е речиси нереална. Рибите сакаат да помагаат, не поради чувство на должност, туку затоа што се искрено исполнети со туѓа среќа.
Ќе ви пратат порака во два часот наутро ако почувствуваат дека сте тажни, ќе купат ситница што ги потсетува на вас, ќе ги слушаат вашите проблеми дури и кога ви е досадно – и никогаш нема да ве обвинат. Во нивниот свет, луѓето не се бројки или случајни минувачи – секој има приказна и секоја приказна им е важна.
Рибите понекогаш можат да заборават на себе затоа што многу се трудат да бидат тука за другите, но токму во оваа несебичност лежи нивната вистинска сила. Тие не потсетуваат дека добрината не е слабост, туку најтивката форма на храброст. И тоа благородништво не бара сцена – туку само отворено срце.
Забава
Eвропски град во кој туристите масовно крадат камени коцки од улиците

Во белгискиот Бриж, еден од најживописните градови во Европа, туристите се предупредени да не земаат камења од неговите историски улици како сувенири.
Градските власти известија дека секој месец исчезнуваат меѓу 50 и 70 коцки од камен од средновековното јадро заштитено од УНЕСКО, а тој број се зголемува за време на шпицот на сезоната. Замената и санирањето на штетата чини околу 200 евра по метар квадратен, изјави локалниот политичар Френки Демон за Си-Ен-Ен.
„Иако некому може да изгледа безопасно или симпатично, последиците се сериозни“, предупреди Демон.
„Отстранувањето на калдрмата претставува јасен безбедносен ризик за жителите и посетителите. Недостасувањето или распуштената калдрма може да предизвика пад, а градските служби мора често да интервенираат за да се поправат.
Тој додаде дека еден насилник дури и засадил цвет на местото каде што го отстранил каменот.
„Имагинативен потег, но покажува недостаток на почит кон нашето заедничко наследство“, рече тој.
„Ние едноставно бараме почит. Шетањето во Бриж значи одење низ вековите на историјата. Тие калдрми не се само камења – тие се дел од душата на нашиот град“, рече Демон.
„Ги покануваме посетителите да уживаат во Бриж, но да ја остават неговата убавина недопрена за другите“.
Како и многу други историски градови, како што се Венеција или Барселона, Бриж со години се обидува да се справи со притисокот на масовниот туризам. Уште во 2019 година, градските власти одлучија да го ограничат бројот на бродови за крстарење што се закотвуваат на блиското пристаниште.
За оние кои сè уште сакаат сувенир од одморот во Белгија, можеби кутија чоколади е подобра идеја од камен од улица.
Забава
Хаос во авион: Бритни Спирс пушела цигара и пиела за време на лет, ја пречекала полиција

Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) се огласи на Инстаграм откако американските медиуми објавија дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четвртокот.
Според „Пипл“ и „ТМЗ“, пејачката за време на летот конзумирала алкохол и запалила цигара, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгаси цигарата – што и го направила – но за време на летот биле контактирани властите, кои ја чекале по слетувањето во Лос Анџелес.
Потоа на пејачката и било изречено официјално предупредување, по што била пуштена на слобода без дополнителни последици.
На Инстаграм, пејачката се обиде да ја објасни својата страна на приказната.
„Признавам, првпат во животот пиев вотка!!! Се колнам, се чувствував толку паметно!! Бев во фазон: ‘Вау, што е ова?!’ Се чувствував бистро и паметно! И реков: ‘Толку многу ми се пуши цигара!!!’ Пријател ми стави цигара в уста и ја запали, па си помислив: ‘Аха, ова е оној авион во кој сме да се пуши!’“
View this post on Instagram
Бритни потоа се извини доколку некого навредила.
Таа откри и дека е убедена оти службениците на аеродромот ја пречекале како „поддршка“, бидејќи, како што вели, „се чувствувала посебно“.
„Стјуардесата ги повика официјалните лица затоа што запалив цигара!!! Непотребно ме посрамоти. Не и се допаѓав од моментот кога влегов во авионот! Никој не беше во авионот во првите 20 минути и не ми дозволуваше да станам! Сакав да ги истегнам нозете, но таа ме натера да седнам. Таа се однесуваше чудно – не ми се допадна ккао ми го стави појасот, како да го нарушува мојот личен простор!”
Britney Spears Defends Odd Plane Behaviorhttps://t.co/eA5JJjgsxj pic.twitter.com/ltEwJ9FztS
— JOJO METHOD (@SlimMethod) May 24, 2025
Заедно со својата објава, Бритни сподели и видео на кое држи шише алкохол додека седи во авион.