Забава
(Видео) Avatar: The Way of Water е официјален наслов на долгоочекуваното продолжение
Долго одложуваното продолжение на блокбастерот на Џејмс Камерон, „Аватар“, филм со најголема заработка на сите времиња, конечно, доби официјален наслов.
Филмот, како што беше најавено на „Синема-кон 22“, ќе го носи насловот Avatar: The Way of Water („Аватар: Патот на водата“). Ова е првото од четирите планирани продолженија на филмот. Премиерата, најверојатно, ќе биде на 15 декември 2022 година.
На настанот шефот на дистрибуцијата на „Дизни“, Тони Чемберс, ги увери фановите дека филмот вреди да се чека, а режисерот Камерон сподели дека во моментот се работи на завршните финеси на филмот.

Камерон вети огромни технолошки скокови во однос на оригиналот, чии главни ликови Џејк Сали (Сем Вортингтон) и Нејтири (Зои Салдана) сега имаат семејство.
![]()
„Уште еднаш тргнавме да ги поместиме границите на она што киното може да го направи“, рече Камерон.
Присутните на настанот беа почестени и со тизер-трејлер од Avatar: The Way of Water. Кусата најава содржи многу подводни снимки на кои се гледаат ликовите на Нави како пливаат под океаните на планетата и лебдат на небото.
Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, „Аватар: Патот на водата“ ја раскажува приказната за семејството Сали (Џејк, Нејтири и нивните деца), за неволјите што ги следат, за нивните напори да се чуваат едни со други безбедни, битките што ги водат за да останат живи и трагедиите што ги трпат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

