Забава
(Видео) Ja неркуваа кралица на теленовелите, а мистериозно исчезна на врвот на славата – денес изгледа непрепознатливо
Актерката, која своевремено доживеа огромна популарност и во Македонија, исчезна на врвот на славата. За нејзиното повлекување кружат разни теории. Една од најпознатите шпекулации го поврзува името на Адела со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас де Гортари. Медиумите тврдеа дека актерката била во врска со него и дека наводно mu родила син.
Адела Нориега, едно од најпознатите имиња во светот на мексиканските теленовели, остави неизбришлива трага во телевизиската индустрија пред целосно да се повлече од јавниот живот во 2008 година.
Оваа харизматична актерка, чии ликови ги одбележаа детството и младоста на милиони луѓе во светот, продолжува да буди јавен интерес иако речиси и да нема информации за нејзиниот сегашен живот.
Адела постигна многубројни успешни улоги вклучувајќи ги и оние во сериите, како „Право на љубов“ (Amor Real), „Марија Изабел“ и „Есмералда“. Нејзините улоги честопати беа полни со драма, љубов и искушенија. Благодарение на својот талент и харизма, Адела доби статус на кралица на теленовелите, а нејзината популарност не падна со децении.
И покрај врвот на славата, Адела Нориега во 2008 година реши да се повлече од светот на актерството и јавноста. Оваа одлука ги шокира нејзините обожаватели и оттогаш стана речиси невозможно да се најдат информации за нејзиниот живот. Медиумите шпекулираа за причините на нејзиното повлекување, но ниедно од тврдењата не беше официјално потврдено.
За нејзиното повлекување кружат разни теории. Една од најпознатите шпекулации го поврзува името на Адела со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас де Гортари. Медиумите тврдеа дека актерката била во врска со него и дека наводно го родила неговиот син, но оваа информација никогаш не беше потврдена. Адела никогаш не се огласила за овие приказни, што само дополнително ја разгорело љубопитноста на јавноста.
„Тоа го кријат бидејќи Карлос се оженил со Ана Паула Џерард кога Адела го родила неговото дете. Тој тоа никогаш не ѝ го признал на сопругата иако таа неколкупати го прашала дали е вистина“, рекол еднаш извор близок до Карлос.
„Беше занемен од нејзината убавина кога ја виде како глуми во теленовела. Веднаш му се јави на продуцентот и му рече да договори состанок. Иако таа одби, Карлос ѝ се закани дека ќе влијае на нејзината кариера. Тој ѝ рече дека мора да ги исполни сите негови желби ако сака да биде актерка и му успеа“, изјави пријателката на Адела, со која била блиска во 90-тите.
Адела денеска има 55 години, а поради критиките дека изгледа многу постаро отколку што навистина е, сомневањата се дека боледува од опасна болест и има многу шпекулации за нејзината здравствена состојба. Шпекулациите се дека боледувала од тешка болест, што нејзината сестра Рајна го негира тоа во 2020 година наведувајќи дека Адела не боледувала од рак, туку од друга, помалку сериозна болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

