Забава
Викендов на југот на Франција се одржа свадбата на годината
Софија Ричи и Елиот Грејнџ се венчаа во Франција во саботата, настан што веднаш се најде на насловните страници на таблоидите како свадба на годината вредна над 1 милион долари.
24-годишната манекенка – ќерка на пејачот Лајонел Ричи – и британскиот музички директор (30) – син на музичкиот магнат и директор на „Јуниверзал мјузик“, Лусијан Грејнџ – рекоа „да“ во хотелот du Cap-Eden-Roc во Антиб пред семејството и пријателите.

Софија и Елиот го изнајмија хотелот на една недела, а според странските медиуми, само за сместување платиле над милион долари.

Невестата за церемонијата носеше фустан од „Шанел“.
За време на свадбениот викенд невестата сменила дури три рачно изработени фустани од „Шанел’ – освен венчаницата, имала и краток фустан за „афтер-парти“ и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан беше покриен од Vogue, а фактот дека непосредно пред венчавката невестата отворила профил на „Тик-ток“, каде што ги споделила подготовките за венчавката, открива дека сè било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.


Софија пред венчавката ја прифатила еврејската религија за Елиот, а церемонијата ја извршил рабин. Листата на гости вклучувала милионери и милијардери и многу познати имиња од светот на шоу-бизот. Покрај постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, таму беа и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.

На свадбата биле присутни и многубројни инфлуенсери и тиктокери поради што на социјалните мрежи можеше сè да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нејзиниот сексапил не бледнее дури ни на 60 години: Новите фотографии од Хали Бери ги воодушевија сите
Хали Бери е една од оние дами кои не дозволуваат возраста да ги дефинира нивните модни избори.
Таа обожава да носи иновативни комбинации кои зрачат со самодоверба, а не е тајна дека обожава да ги задева и своите обожаватели на социјалните мрежи со своите жешки фотографии од бикини.
View this post on Instagram
Сега се појави на премиерата на филмот „Crime 101“ во Лондон и е потценување да се каже дека блескаше. За таа пригода, таа ја покажа својата беспрекорна фигура во црно боди со длабоко деколте и сребрено макси здолниште украсено со кристали.
Својот стајлинг го надополни со високи црни потпетици, земјена шминка и брановидна фризура. Детаљот околу вратот не треба да се изостави, цветниот ланец кој го нагласи нејзиното бујно деколте.
View this post on Instagram
Актерката објави фотографии од настанот на социјалните мрежи и ги остави своите бројни обожаватели воодушевени. Подобро кажано, со едно прашање – како успева да изгледа толку секси на 60 години?
Забава
(Видео) „На овој човек му е потребна помош“: Џастин Бибер настапи речиси гол на Греми наградите
Џастин Бибер предизвика возбуда со својот настап на доделувањето на Греми наградите во неделата вечерта. Тој се појави на сцената без маица за прв пат по четири години – носејќи само боксерки.
31-годишниот пејач ја изведе својата песна „Yukon“. За време на емотивниот настап, кој го посвети на својата сопруга, камерите повеќе пати ја фатија Хејли Бибер во публиката како се смешка и го бодри, објавува „Дејли меил“.
Сепак, неговиот избор на облека – или поточно недостатокот од неа – ги засени сите други работи. Социјалните медиуми беа целосно поделени: некои ја пофалија неговата ранливост и пристапот кон настапот, додека други се прашуваа зошто се појави на доделувањето на наградите речиси гол.
„Каква прекрасна и ранлива изведба“, напиша еден обожавател, додека друг се пошегува: „Тој само стои таму во долна облека и чорапи…“
Некои беа многу поостри. „Џастин, ова е Греми, а не плажа… толку срамно“, рече еден коментар. „Каде му е кошулата?“ праша друг, додека трет додаде: „Дали се облече вака за Греми? Ужасно е.“
Наместо да се потсмеваат и критикуваат, дел од публиката изразија загриженост. „Ова е всушност тажно. Еден човек вика за помош и никој не забележува“, напиша еден корисник.
Забава
(Видео) Изјавата на Марго Роби за нејзиниот сопруг го вжешти интернетот: „Дали се во отворен брак или…?“
Актерката Марго Роби напорно работи на промоција на филмот „Wuthering Heights“, а неодамна привлече големо внимание во Лос Анџелес – не само поради нејзината облека, туку и поради контроверзната изјава за нејзиниот сопруг Том Акерли.
Во интервју за „The Hollywood Reporter“, Марго откри со кого ќе го гледа филмот. Секако, таа го спомена и својот сопруг, но додаде и една реплика што им пречеше на многумина.
„Би отишла со сите мои пријатели во петок навечер (да го гледаме филмот), да пиеме коктели, можеби малку да се дотераме. А потоа на Денот на вљубените, би отишла со мојот сопруг… или кој било…“, рече таа.
@hollywoodreporter #MargotRobbie thought #WutheringHeights would be "perfect" for a #ValentinesDay ♬ original sound – The Hollywood Reporter
Социјалните медиуми се вжештија
Видеото од нејзината изјава стана вирално, а корисниците на Икс почнаа да дискутираат за оваа изјава меѓу себе.
„Дали се во отворен брак или…?“, „Баш ми е жал за сопругот“, „Мојот сопруг или Џејкоб Елорди, кој било???“, „Сопруг или кој било, хахаха“, напишаа корисниците.

