Забава
Вил и Џејда Смит не живеат заедно од 2016 година
Муабетите за еден од најпознатите холивудски парови сега може да прекинат: Џејда Пинкет Смит, конечно, потврди дека таа и Вил Смит веќе седум години се разделени, иако не се законски разведени.
Џејда во ново интервју откри дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно од 2016 година.
„Живееме сосема одвоени животи седум години, но претходно не бевме подготвени јавно да ја откриеме веста“, призна таа за Ен-би-си.
„Кога се разделивме, бевме исцрпени од обидувања“, додаде таа.
Двојката сè уште живее одвоено, но не планираат да се разведат.

Џејда (52) во клип од интервјуто за Ен-би-си открива дека си ветила оти таа и Смит (55) никогаш нема да се разведат и дека не можела да го прекрши тоа ветување.
„Мислам дека и двајцата сè уште бевме заглавени во нашата фантазија за она што мислевме дека треба да биде другиот“, рече таа.
Интервјуто доаѓа пред објавувањето на нејзините мемоари, Worthy, следната недела.
Двојката се најде на насловните страници минатата година кога Смит упадна на сцената на „Оскарите“ и му удри шлаканица на водителот Крис Рок викајќи му: „Не спомнувај ја мојата сопруга со твојата проклета уста“.
Инцидентот се случи кога комичарот Рок се пошегува на сметка на ќелавата глава на Џејда Пинкет. Таа боледува од алопеција, состојба што предизвикува опаѓање на косата.
Во посебно интервју Џејда изјави за „Пипл“ дека мислела оти тоа е скеч. Дури кога Вил почна да се враќа до своето седиште, сфатив дека тоа не е скеч“, рече таа во интервјуто. „Ќе бидам покрај него, но и ќе му дозволам сам да го расчисти ова“.

Двојката се запозна во 1994 година кога Џејда беше на аудиција за ТВ-серијата „Свежиот принц од Бел-Ер“, базирана на животот на Вил Смит, а подоцна се венчаа во 1997 година.
Тие заедно имаат две деца – Џејден Смит и Вилоу Смит – и Треј Смит, кој актерот го доби со својата прва сопруга Шери Земпино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

