Забава
Вил Смит, наводно, бара помош во клиника за рехабилитација

Здравиот разум на Вил Смит е доведен во прашање по неговиот испад на „Оскарите“.
Британски „Гардијан“ пренесува изјава на холивудски извор кој тврди дека Вил Смит ќе добие помош за справување со стресот по инцидентот што се случи минатиот месец.
53-годишниот актер, кој очигледно сака да го заборави инцидентот набрзина, побарал помош од експерти во клиника за рехабилитација за познати личности, за да му помогнат да се справи со проблемите поврзани со стресот.
Истиот извор тврди дека тоа е обид да се врати навреме за да ја спаси својата сега веќе несигурна кариера и репутација. „Влијанието на повратната реакција силно го погоди Вил, па тој ќе добива помош за справување со стресот. Ова е несомнено битката на неговата кариера.“
„Тоа ќе биде луксузно засолниште што го користат богати и славни, и тој ќе може да истражува и размислува како да тргне напред,“ рекол аутсајдерот во изјава за „Сан“.
Откако Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на доделувањето „Оскари“, тој стана главна тема во медиумите и на социјалните мрежи, кои беа преплавени со мемиња за него. Неговиот лик беше присутен и во салоните за тетоважи бидејќи очигледно некои поединци не сакаат да го заборават тој момент. Неколку сопственици на вакви салони изјавија дека има голем интерес за тетоважи со оскаровската шлаканица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Александра Јанева со преработка на безвременската ,,Ми подаваш рака”

Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота која ја носат македонските евергрини, Јанева ја изненади публиката со нејзината официјална преработка на безвременската ,,Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ.
Оваа култна македонска балада беше изведена во 1978 година од Данијела Панчетовиќ, на фестивалот Скопје. Автор на музиката е Мане Колев, текстот е на Ѓоко Георгиев, а аранжманот е на Кире Костов.
Новиот реаранжман на песната го изработи Лазар Цветкоски и заедно со Јанева дадоа свеж, модерен звук и позитивен дух кој многу прецизно ја отсликува и доловува пораката на самата песна – поддршката и потпората од најблиските е она што не води низ животот, љубовта е најсилна и најзначајна кога се дели. Во преработката Александра го има искористено оригиналниот семпл од оригиналното аудио којшто тече низ целата песна, а особено може да се слушне на крајот од преработката, сакајќи да ја задржи автентичноста на самата песна.
Видеото го изработи Даниел Јовески, отсликувајќи ги најубавите агли од нашиот преубав Охрид. Во видеото се присутни повеќе пријатели на Јанева, атмосферата е ведра и позитивна и зрачи со топлина.
Овој проект Јанева го најавуваше веќе некое време, а покрај тоа низ неколку наврати на своите социјални мрежи најави нова музика за претстојниот период.
Забава
Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје

На 14 март 2026 година Дорис Драговиќ и Петар Грашо првпат ќе одржат заеднички концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, носејќи спектакл, кој ќе биде симбол на љубов, емоција и чиста музичка магија. Две музички легенди, две генерации, една сцена и една вечер што ќе влезе во историјата.
Дорис Драговиќ, дамата што веќе со децении владее со својата моќна интерпретација, ќе го врати сјајот на најубавите балади, кои се врежани во колективната меморија на целиот регион. Од другата страна, со истата сила и страст, на сцената ќе застане Петар Грашо, миленикот на публиката и човекот што со секоја песна создава нови химни за современата генерација.
Нивниот заеднички концерт ќе биде спој на искуство и свежина, на вечни класици и модерни хитови. Тоа ќе биде ноќ во која публиката ќе патува низ времето, од балканската естрадна ера, која ја бележеше Дорис, до денешните хитови што го дефинираат звукот на новото време со Грашо.
Една бина, два гласа, две музички епохи и еден град, кој ќе биде сведок на концерт за паметење. Раскошната емоција на Дорис Драговиќ и неповторливата харизма на Петар Грашо на 14 март ќе создадат вистинска музичка магија!
Овој концерт е повеќе од календарски датум или уште еден настан. Ова ќе биде симбол на еден момент кога две кариери се преплетуваат за да создадат нешто ново и уникатно.
Како што Дорис со децении е доказ дека вистинската уметност никогаш не старее, така и Грашо е доказ дека музиката секогаш може да биде свежа и модерна. На 14 март тие ќе се сретнат за да докажат дека музиката нема граници, ни генерациски ни географски.
Билетите за овој настан се веќе пуштени во продажба и имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, „Розе Веро 2“, „ЈК травел“ во Бисер и „ЈК травел Дајмонд“.
Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.