Забава
Вил Смит сакал да има харем со убави жени и Хали Бери во него
Вил Смит продолжи да се отвора за својот брак со Џејда Пинкет Смит повторувајќи дека не е моногамен и дека двајцата имале секс со други луѓе.
53-годишниот актер пишува за тоа во претстојните мемоари „Вил“, а во новото интервју за списанието GQ открива дека нивниот брак првично бил моногамен, но подоцна одлучиле да го отворат кога почнале да се чувствуваат многу лошо и сфатиле дека очигледно нешто мора да се промени.
„Бракот не треба да биде затвор за нас“, вели тој.
Холивудскиот актер откри дека и тој и неговата сопруга Џејда имале секс со други луѓе во текот на нивниот брак.

„Џејда никогаш не веруваше во конвенционален брак… Некои членови на нејзиното семејство имаа неконвенционални врски, таа порасна на начин што беше многу поинаков од тоа како јас пораснав“, рече тој.
„Имавме неколку долги дискусии за тоа што е совршено. Кое е идеалното однесување за паровите? Најдолгиот период од нашата врска се сведе на моногамија, но ние не ја сметавме за совршена врска“, додаде тој.

Минатата година нивниот брак беше во центарот на вниманието кога раперот Август Алсина тврдеше дека Вил му дал благослов за романса со Џејда. Таа првично негира, но подоцна делумно призна нова љубовна приказна. Двојката потоа се раздели некое време.
„Си дадовме доверба и слобода, со верба дека секој мора да си го најде својот пат“, вели Вил за бракот со Џејда. „Бракот за нас не може да биде затвор. Но, ова не им го предлагам на сите бидејќи тој пат не е за секого. Но, слободата што ја доживеав и што си ја дадовме еден на друг, како и безусловната поддршка, за мене се највисока дефиниција за љубовта“, објасни актерот.
Откри дека неговата најголема желба била да има харем со 20 убави жени. Тој дури направил листа со потенцијални кандидатки со кои планирал да стапи во контакт, но на крајот сфатил дека идејата е ужасна. На неговата листа се најдоа актерката Хали Бери и балерината Мисти Коупленд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

