Забава
Винарницата на Бред Пит и Анџелина Џоли лансира нов шампањ неделава
Додека беа во брак, Бред Пит и Анџелина Џоли ја купија винарницата „Флер де Миравал“, а неделава поранешниот холивудски пар ќе лансира ново пенливо вино.
Пит (56) и Џоли (45) првпат го изнајмиле имотот Шато Миравал на југот на Франција во 2008 година пред да го купат целосно и да се венчаат таму во 2014 година.
Champagne Fleur de Miraval, новиот розе-шампањ на нивната компанија „Флер де Миравал“, го претстави своето пакување во понеделникот. Првите шишиња од лимитираното издание ќе бидат пуштени во продажба на 15 октомври по цена од 390 долари.

Андреас Ларсон, еден од најдобрите професионалци за вино во светот, му даде одлична оценка на новиот производ. По првата дегустција на 7 октомври, Ларсон на својот „Инстаграм“ откри дека е прилично импресиониран.
„Морам да кажам дека бев прилично возбуден кога го пробав шампањот за кој сите зборуваат, но сè уште никој не го пробал“, напиша тој.
„Одлична средба со мојот стар пријател Родолф Питерс, чии вештини за правење шампањ се исклучителни. Врвен, револуционерен стил кој комбинира ‘шардоне’ на Côte de Blancs, од кој дел е вистинска берба, дел резервни вина и дел зрели вина од шише. Грозјето ‘пино ноар’ на виното му дава карактеристична розова нијанса и арома на малина и цреша“, напиша Ларсон минатата недела.
Во август самиот Пит за списанието „Пипл“ изјави дека многу се радува и се гордее на виното. „Резултатот е спектакуларен и многу сум горд“. „За мене, шампањот доловува чувства на славење, квалитет, престиж и луксуз“.
Пенливото вино на Бред е создадено во куќата на шампањот во селото Меснил на југот на Франција. Ова е во непосредна близина на дворецот „Шато Миравал“, кој тој сè уште го поседува со поранешната сопруга Анџелина Џоли, а чија вредност е проценета на 60 милиони долари. Пит во неколку наврати истакна дека овој имот го смета како свој втор дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

