Забава
„Вог“: Нобеловката Ени Ерно за аферата со маж 30 години помлад од неа
Таа беше француска книжевна миленичка, a тој студент 30 години помлад од неа. Есеистката Ени Ерно се сеќава на својата највозбудлива афера, гласи поднасловот на статија во британски „Вог“, посветена на француската писателка Ени Арно, добитник на Нобелова награда за литература во 2022 година.
Магазинот пренесува извадоци од нејзината најнова книга Le jeune homme („Младиот човек“).
„Еднаш поминав многу чудна ноќ со студент кој ми пишуваше една година и сакаше да се запознаеме“.
„Честопати сум водела љубов за да се присилам да пишувам. Се надевав дека во заморот, запуштеноста што доаѓа потоа. ќе најдам причини да не очекувам ништо повеќе од животот. Се надевав дека оргазмот, најнасилен крај на чекањето, ќе направи да се чувствувам сигурна дека нема поголемо задоволство од пишувањето книга. Можеби токму желбата да го поттикнам пишувањето ме поттикна да го однесам дома на пијачка по вечерата во ресторан. Беше речиси 30 години помлад од мене“.
„Се гледавме на викенди, а помеѓу нив сè повеќе и повеќе си недостигавме. Секојдневно ми се јавуваше од јавна говорница за да не предизвика сомнеж кај девојката со која живееше“.
„Ниту таа ниту тој никогаш не помислувал дека водењето љубов може да биде нешто друго, освен повеќе или помалку забавено задоволување на желбата, дека тоа може да биде еден вид континуирано создавање. Жестината што ја покажа пред ова ново откритие сè повеќе ме врзуваше со него. Малку по малку аферата стана врска, која копнеевме да ја доведеме до крајна граница, без да знаеме што навистина значи тоа“.
„Кога на мое задоволство и олеснување раскина со својата девојка и таа го напушти станот, јас стекнав навика да останувам кај него од петок навечер до понеделник наутро. Тој живееше во Руан, градот во кој и јас живеев како студент во 60-тите“.
„Вог“ потсетува дека книгата „Младиот човек“ од Ени Ерно е објавена минатиот септември во Британија од издавачката куќа Fitzcarraldo Editions и истиот месец во САД (Seven Stories).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.
Забава
(Видео) Финецот излезе од јајце со гол задник на Евровизија
Финецот Windows95Man на сцената на Евровизија излезе од јајце и настапи со гол задник.
На себе носеше само танга во боја на кожа.
Во продолжение неговиот настап.