Забава
Војводата и војвотката од Сасекс на вечерна дружба со пријатели

Војводата и војвотката од Сасекс се чини дека добро се привикнуваат на животот во јужна Калифорнија, а викендов беа забележани со две славни личности.
Принцот Хари и Меган беа излезени на вечера со канадскиот музичар и продуцент Дејвид Фостер и неговата сопруга, актерката и пејачка Кетрин Мекфи – само еден ден пред парот јавно да ја објави бременоста на Кетрин. Дејвид претходно бил во брак четири пати, а бебето ќе му биде шесто дете и прво на Кетрин.
Ова е првпат Хари и Меган да бидат забележани во Монтечито по веста за нивната преселба во малото гратче. Без сомнение, двата пара ја славеа среќната вест на Дејвид и Кетрин и вечераа во Lucky’s Steakhouse, недалеку од стилската семејна куќа на принцот Хари и Меган, вредна 14 милиони долари.
Почитувајќи ја класичната американска традиција на „стејкхаус“, гламурозниот локален ресторан нуди специјалитети на куќата – стек, морски плодови и мартини. Имајќи ја предвид бременоста на Кетрин и здравствените навики на Меган, за која се вели дека обожава киноа, авокадо и зелен сок, веројатно групата го намалила пиењето коктели на минимум.
„Мејл онлајн“ сподели фотографија од војвотката, која изгледа елегантно во кожени панталони, беж џемпер и живописни портокалови чевли на „Клои Госелин“, во комбинација со чанта од брендот „Стела Мекартни“. А Хари изгледа одлично во бледа кошула и темни панталони. И двајцата имаа маски на лицето додека одеа од својот автомобил до ресторанот. Со внимателно применети безбедносни мерки четворката вечераше на отворено во покриениот простор на терасата.
Се чини дека Меган е среќна што го обнови пријателството со Кетрин по нејзиното враќање во САД бидејќи нивното пријателство датира од почетокот на нивната актерска кариера.
Претходно годинава, Кетрин изјави за „Аксес Холивуд“ дека нејзиниот 70-годишен сопруг и принцот Хари се добри пријатели. „Многу се симпатични. Тие се како татко и син“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Додека ги чував децата, таа…“ : се огласи поранешниот сопруг на девојката на Швајнштајгер

Маркус Ферагут, претприемач од Мајорка и поранешен сопруг на Силва Капитанова, проговори за нивниот бурен развод што претходеше на нејзината врска со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Капитанова се најде во центарот на вниманието откако медиумите го поврзаа нејзиното име со поранешниот германски репрезентативец додека тој сè уште беше во брак со Ана Ивановиќ.
Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер неодамна го имаше своето прво јавно појавување со својата нова партнерка Силва Капитанова, а фотографиите од нив заедно на одмор во Грција ги преплавија социјалните мрежи.
Според бугарските медиуми, поранешниот сопруг на Силва изнесе низа обвинувања против својата поранешна партнерка во разговор со блиски луѓе. Според наводите, Капитанова често ја напуштала куќата за време на нивниот брак под изговор дека оди на тренинзи или часови по танц, додека, според Ферагут, таа всушност одела на приватни состаноци со други мажи.
„Додека јас останував дома за да се грижам за децата, таа имаше сосема различни приоритети“, наводно рекол Ферагут пред круг пријатели.
Маркус Ферагут потекнува од истакнато семејство од Мајорка, познато по својот придонес во културниот живот на островот. Неговиот дедо го основал познатиот Аудиториум Мајорка кон средината на минатиот век, а Маркус и неговиот брат Хуан денес се активни организатори на уметнички манифестации и меѓународни настани кои собираат бројни посетители од светот на културата и туризмот.
Во годините пред нивниот развод, нивниот брак беше оптоварен со низа конфликти. Медиумите претходно известуваа за краткотрајната романса на Силва со шпанскиот танчер Карлос С., кого го запознала во ноќен клуб.
Се наведува дека се забавувале околу шест месеци, но врската завршила со меѓусебни обвинувања. Капитанова поднесе тужба против Карлос за закани и вознемирување, но случајот беше затворен поради недостаток на докази. Во пресврт што следеше, таа се соочи со контраобвиненија за обид за изнуда.
Кратко потоа, Силва Капитанова и Маркус Ферагут се разведоа. Нивните синови останаа со својот татко на Мајорка, додека Силва го продолжи својот живот надвор од Шпанија. Јавноста повторно слушна за неа кога се појавија информации за нејзината врска со Бастијан Швајнштајгер.
Фото: принтскрин
Забава
Ана Ивановиќ и Швајнштајгер ставија крај на бракот по девет години

Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведоа по девет години брак, потврди адвокатот на познатата тенисерка во официјално соопштение.
Ивановиќ и Швајнштајгер беа еден од најпрепознатливите спортски парови благодарение на нивниот успех во тенисот и фудбалот, а се венчаа со големо медиумско внимание во Венеција во 2016 година.
Парот се запозна во 2014 година, додека поранешниот германски репрезентативец сè уште играше за Баерн Минхен.
Една година подоцна, Швајнштајгер се пресели во Манчестер Јунајтед, додека Ана полека ја завршуваше својата брилијантна тениска кариера.
Свадбата се одржа во јули 2016 година, а Ана, која беше запаметена по освојувањето на Ролан Гарос во 2008 година, се повлече од професионалниот тенис во декември истата година.
Ивановиќ и Швајнштајгер имаат три деца, а најмладиот син е роден пред помалку од две години. Нивните први два сина се викаат Лука и Леон, додека името на третото дете никогаш јавно не е откриено.
По неколку месеци шпекулации за состојбата на нивната врска, претставникот на Ана, Кристијан Шерц, објави дека двојката се разведува поради „непомирливи разлики“.
Како што објави БИЛД, адвокатот нагласи дека нема да има повеќе официјални изјави и побара од јавноста да ја почитува приватноста на двојката и нивните деца.
„Мејл Спорт“ објави во април дека двојката е во „длабока криза“ поради разлики во животниот стил, што врши притисок врз нивниот брак. Поради честите патувања поврзани со ангажманите на Швајнштајгер како фудбалски коментатор, Ана наводно поминувала повеќе време во Србија, каде што нејзиното семејство во Белград ѝ помагало да се грижи за децата.
Нивниот последен заеднички јавен настап беше на Лејвер Купот во септември минатата година во Берлин. Подоцна, тие објавија и заедничка фотографија од божиќниот панаѓур, но објавите на семејството на социјалните мрежи станаа ретки после тоа.
Во јуни, германските медиуми објавија дека Швајнштајгер е виден како се бакнува со наводна нова девојка, која, според таблоидите, ја запознал преку децата кои одат во исто училиште.
Жената, која германските медиуми ја именуваа само како „Силва“, е по потекло од Бугарија, а таа патуваше на Мајорка со Швајнштајгер, откако претходно престојуваа заедно во Мароко. Тие беа снимени и на плажа.
Во меѓувреме, Ана Ивановиќ беше во Лондон на Вимблдон.
Забава
Листа на најповолни европски дестинации за одмор

Објавена е листата на најповолни европски дестинации за одмор.
Турскиот Мармарис е на врвот на листата
Мармарис, популарно турско одморалиште на медитеранскиот брег, го победи бугарскиот Сончев Брег и ја освои титулата за најприфатлива дестинација за одмор во годинешниот извештај за семејни одмори на Post Office Family Holiday Report.
Градот со години е омилен меѓу британските туристи, кои бараат поволни цени, и е познат по своите песочни плажи, шармантниот стар град и живиот ноќен живот.
За да се утврдат најприфатливите европски дестинации, беа споредени цените на десет туристички артикли – вклучувајќи храна, крем за сончање и разни пијалаци.
За Мармарис, кој го освои првото место, вкупната цена на овие артикли беше 151,38 евро. Во ова одморалиште можете да уживате во семеен оброк од три јадења, со вино, за 79,40 евра. Цените на кафето се исто така прифатливи (2,36 евра).
Видете ја целосната листа на најприфатливите европски дестинации:
Мармарис (Турција)
Сани Бич (Бугарија)
Алгарве (Португалија)
Пафос (Кипар)
Ланзароте (Шпанија)
Коста дел Сол (Шпанија)
Крит (Грција)
Кос (Грција)
Родос (Грција)
Апулија (Италија)
Слиема (Малта)
Крф (Грција)
Фуншал (Португалија)
Пореч (Хрватска)
Мајорка (Шпанија)
Ибица (Шпанија)