Забава
Во најава нова љубовна двојка: Канје Вест и Ирина Шајк

Канје Вест е среде развод од сопругата Ким Кардашјан Вест, со која беше во брак шест години.
Бракоразводната постапка почна во февруари.
Но, 43-годишниот рапер наводно е во врска со рускиот супермодел Ирина Шајк (35), според DeuxMoi, инстаграм-страница озборувач на славни личности. „Канје Вест сега тајно излегува со Ирина Шајк, односно мајката на детето на Бредли Купер“, напиша еден корисник како коментар.
Некои шоубиз-медиуми веќе објавија дека раперот наводно тајно се гледа со супермоделот и потсетија дека Канје и Шајк се знаат повеќе од една деценија.
Во 2010 година Ирина се појави во спотот за неговата песна Power со ангелски крилја на себе. Две години подоцна, таа беше дел од неговата модна ревија во Париз. А минатиот месец Ирина промовира креација DMX, која раперот ја дизајнира во сорботка со Balenciaga.
Ирина беше романтично поврзана со актерот Бредли Купер, со кого ја дели четиригодишната ќерка Леа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Актерот Џејсон Сигел се вери

Актерот Џејсон Сегал се вери со својата долгогодишна девојка Кајла Радомски.
Ѕвездата од „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешната учесничка во шоуто So You Think You Can Dance се верија во бајковитата атмосфера на книжарата Хантингтон во Пасадена.
Кајла објави пет фотографии од запросувањето на Инстаграм, покрај кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон со дијамант и срце. Подоцна додаде на Инстаграм стори дека тоа бил најубавиот ден во нејзиниот живот.
Фотографиите го прикажуваат Џејсон, 45, како клекнува пред статуа во градината, опкружен со розови и црвени цвеќиња, чии ливчиња ја покриваат земјата под нив. Кајла, 34, изгледаше шокирана и воодушевена додека гледаше во прстенот на прстот.
Забава
Познатата манекенка објави нови фотографии, позираше во бикини

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио (44) ги воодушеви обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. Таа позираше покрај базенот во провокативно бикини со впечатлив розов дезен и ја покажа својата витка фигура.
Изгледот го надополни со очила за сонце и марама во иста боја како и нејзиниот костим за капење.
Нејзините следбеници брзо ја обсипаа со бројни комплименти. „Совршена“, „Колку е убава“, „Прекрасна си“, „Тие бои ти стојат одлично“, „Најомилениот модел“, „Каква жена“, „Никогаш не старееш“, се само дел од коментарите.
Забава
Рускиот милијардер Павел Дуров: Имам над 100 биолошки деца

Рускиот милијардер и основач на Телеграм, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и планира да го сподели своето богатство со нив. Павел има шест деца со три партнерки и над сто деца родени преку донација на сперма.
40-годишниот милијардер, чие богатство се проценува на 17,1 милијарди долари, во интервју за француското списание „Ле Поинт“ објасни дека планира да го сподели своето богатство меѓу повеќе од 100 деца и дека не прави никаква разлика меѓу нив.
„Сакам јасно да ставам до знаење дека не правам разлика меѓу моите деца: има такви што се зачнати природно и такви што се родени преку мои донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, рече милијардерот, кој почнал да донира сперма пред 15 години.
Дуров откри дека неодамна напишал тестамент. Во него се наведува дека на неговите деца не им е дозволен пристап до неговите средства цели 30 години од датумот на тестаментот.
Дуров не е оженет. Во 2017 година, тој се преселил во Обединетите Арапски Емирати и живее во Дубаи, каде што се наоѓа седиштето на Телеграм.
Технолошкиот милијардер беше уапсен во август 2024 година во Париз под обвинение дека не успеал соодветно да модерира содржина на платформата за да ја намали криминалната активност. Дуров ги негираше обвиненијата и беше пуштен дома во март 2025 година, но истрагата против него е сè уште во тек.