Забава
Во Њујорк пристигна 22 метра високата новогодишна елка, на која ќе огромна ѕвезда „сваровски“
Новогодишната елка висока 22 метра е поставена пред Центарот „Рокфелер“ во Њујорк и набргу ќе биде украсена со 50 илјади светилки, пренесе „Гласот на Америка“ и додаде дека њујоршката туристичка атракција годинава е подарок за градот од истополова брачна двојка.
Се наведува дека милиони луѓе, кои новогодишните празници ќе ги минат во Њујорк, ќе се сликаат до елката, која пред Центарот „Рокфелер“ ќе стои до 7 јануари.
Rockefeller Center Christmas Tree is here https://t.co/kI7D9kz8oq pic.twitter.com/kGChWJBAXU
— New York Post (@nypost) November 11, 2018
Светилките поставени на елката ќе бидат распоредени на кабел долг дури осум километри, а на нејзиниот врв ќе стои огромна ѕвезда изработена од кристали „сваровски“, која ќе биде поставена на 28 ноември.
„Гласот на Америка“ наведува дека традицијата на украсување новогодишна елка во Њујортк потекнува од 1931 година и времето на големата депресија. Работниците што го граделе Центарот „Рокфелер“ собирале пари и купиле дрво високо 6 метри, кое потоа го украсиле со домашно израработени украси. Две години подоцна Центарот „Рокфелер“ го воспоставил тоа како традиција.
Новогодишната елка, по 7 јануари, ќе ѝ биде донирана на организацијата за изградба на куќи, „Хабитат фор хјуманити“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:

