Забава
Вратени назад булдозите на Лејди Гага, шетачот на кучиња таа го нарече херој

Вооружениот напад и грабнувањето на кучињата на поп-ѕвездата Лејди Гага е со среќна завршница – човекот што се грижеше за кучињата на Лејди Гага заздравува, а двата француски булдога се безбедни.
Според „Асошиетед прес“, нејзините два француски булдога биле донесени во полициската станица во Лос Анџелес во петокот од страна на непозната жена.
Пејачката моментно е во Рим на снимање филм. Нејзини претставници биле во станицата и потврдиле дека тоа се нејзините домашни миленичиња.
Претставник на полицијата изјави дека жената што ги донела кучињата се чини дека не била инволвирана или поврзана со нападот во средата вечерта (24 февруари).
Не е јасно како таа дошла во контакт со кучињата.
Во средата 30-годишниот Рајан Фишер беше надвор за да ги прошета трите француските булдози на поп-ѕвездата – Коџи, Мис Азија и Густаво – во западен Холивуд кога беше нападнат од двајца мажи, кои го застрелаа четири пати во градите пред да побегнат со две од трите кучиња.
Фишер итно беше пренесен во болница, од каде што изминатиов викенд беше соопштено дека е во стабилна состојба. Во петокот неговото семејство ѝ се заблагодари на Гага за поддршката по нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи

Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.
Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.
Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси -озилата и маркетите.
Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.
Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.
Забава
„Веќе изгледа како 30-годишна“: лицето на младата актерка предизвика лавина коментари

Актерката Мили Боби Браун неодамна го привлече вниманието на медиумите со својот изглед, а нејзиното лице предизвика особена дискусија со оглед на тоа што има само 21 година.
На премиерата на нејзиниот нов филм The Electric State во Лос Анџелес актерката изненади многумина. Таа блесна во златен фустан украсен со мониста, вреден речиси 10.000 евра, а креацијата ја комплетира со раскошна пунџа.
Сепак, токму нејзиното лице привлече најмногу коментари.
Millie Bobby brown needs to stop letting doctors touch her face.
— Shameless Learner 🤔 (@mrembo_wa_maji) February 26, 2025
Последниве денови на социјалните мрежи се зборуваше за тоа дека актерката изгледа многу постаро. „Буквално, отидов да ѝ ја проверам возраста“, „Таа веќе изгледа како да има 30 години“, „Кога фазата ‘имам 21, изгледам како да имам 45’ стана повторно тренди?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со сопругата, пијанистката Бетси Аракава, објави Santa Fe New Mexican повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во округот Санта Фе ги откри телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.
Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, ја потврди веста денес.