Забава
В недела се затвора пријавувањето за трчање на Skopje Run 10K
В недела се затвора пријавувањето за трчање на Skopje Run 10K. #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри ќе биде отворена до самата трка.
Тимот на Сојуз на спортовите на град – Скопје заедно со СОС Детското село со кампања ги поттикна сите пријавени на годинешната 10-километарска трка, како и оние што сакаат да ја покажат хуманоста, да се вклучат во единствениот настан од ваков тип досега во Македонија, каде што со купувањето километри се донира за СОС Детското село.
Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 7 октомври, на булеварот Илинден во Скопје, со почеток од 9 часот. Големиот интерес за самата трка го надмина бројот на пријавени од минатата година. Поради тоа, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават за трчање до недела, 30 септември, затоа што во 23.59 часот истиот ден се затвора оваа можност.
Кампањата #СекојКилометарЗначи и можноста за купување хуманитарни километри онлајн ќе трае до денот на самата трка. Имајќи го предвид интересот на јавноста за трката и за #СекојКилометарЗначи, СОС Детското село ќе постави штанд на самиот ден на одржувањето на Skopje Run 10K, каде што секој лично ќе може да донира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да требаше да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше проблем.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

