Забава
В сабота вечер „Пијан славеј“ ќе ја воскресне македонската шансона
В сабота вечер, на 23 март, во Јавна Соба концерт ќе одржи „Пијан славеј“.
„Пијан славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона. Инстинктивно го осовременуваат стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Групата е формирана кон крајот на 2021 година. Првиот настап го имаат на скопскиот „OFFest“, а наредната година, „Скопскиот џез фестивал“ го издава нивното прво и истоимено ЕП. Понатаму настапуваат на „D-festival“ и на фестивалот „Druga Godba“ во Љубљана, Словенија.
„Песни кои се потпираат на оригиналноста и шармот на неговите стихови (од кои „Парфем“, „Крв да ни се стори“, „Сонце“ веќе солидно се извртеа на социјалните мрежи), но уште повеќе со енергијата која се чини само нему му е својствена, а нам на навивачите и тоа како позната. Притоа, возен од неговите придружници инспиративно слезе до срцевината на македонската поп сцена од седумдесеттите, си дозволи наново да им се обрати на значајните претставници на шансоната во глобални рамки“, вели Љупчо Јолевски, критичар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На евровизискиот победник му се скрши трофејот – пари од победата на Евровизија не заработи
Швајцарија е победник на Евровизија 2024 година. Немо го освои трофејот на престижниот музички натпревар со песната „The code“.
Многумина се прашуваат колку заработува победникот на овој музички натпревар, а одговорот е – не забоработува ништо.
Наградата за победникот на Евровизија е стаклен трофеј во форма на микрофон, кој го скрши синоќешниот победникот на Швајцарија.
Во екот на прославата, Немо се спушти на подот и во тој момент се слушна како се крши стакло.
За прв пат во историјата на Евровизија некој го скрши трофејот.
Видеото од овој настан брзо стана вирално.
⚡️During the final performance, the winner, representing #Sweden, #NEMO, broken the crystal #Eurovision2024 trophy. pic.twitter.com/klwexzXT9b
— KyivPost (@KyivPost) May 11, 2024
Немо Метлер на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно како ниту машко ниту женско, туку како „тие“.
„’Кодот’ е за патување кое започна со сознанието дека не сум ниту маж, ниту жена. Да се пронајдам себеси беше долг и често тежок процес, но ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, рече Немо во една прилика и нагласи колку е значајна можноста да се пее на сцената во Малме.
„Неверојатна чест е што можам да ја претставувам Швајцарија на Евровизија. Оваа платформа нуди одлична можност за градење мостови меѓу различни култури и генерации. Затоа, како квир личност, многу ми е важно да се залагам за целата ЛГБТКИА+ заедница“, заклучи Немо.
Финалето на „Евровизија 2024“ се одржа вечерва во Малме, а главен фаворит беше хрватскиот претставник Бејби Лазања со песната „Rim Tim Tagi Dim“, кој заврши на второто место. Бејби Лазања беше победник од гласовите од публиката, но од стручното жири доби само две дванесетки – Кипар и Србија.
Забава
(Видео) Бејби лазања: Изненаден сум колку сум среќен, мислев дека ќе бидам потажен
Изненаден сум колку сум среќен. Мислев дека ќе бидам потажен затоа што сепак изгубивме, но воопшто не сум тажен, навистина сум среќен, вели Бејби Лазања, кој ја отпеа Рим Тим Таги Дим, вчера, на 68. Избор за песна на Евровизија одржана во Малме.
За прв пат во историјата на Хрватска го освои второто место на ова натпреварување.
Победи Швајцарија, чиј претставник Немо со песната The Code освои вкупно 591 поен (365 поени од жирито и 226 поени од публиката). Тимот на Рим Таги Дим освои 547 поени (210 од жирито и 337 од публиката).
„Мислам дека дадовме се од себе и публиката покажа дека сепак направивме нешто добро. Мислам дека можеме да се гордееме со ова второ место. Горд сум на тоа. Не изневеривме, сè беше направено точно како што замисливме. како што требаше“, вели Бејби Лазања – миленик на публиката кој доби најмногу гласови од неа на Евровизија.
Забава
Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора
Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито.
На второто место е Хрватска со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени. Најлоша беше Норвешка, која беше на самиот крај со 16 поени, пред Австрија и Словенија со 24, односно 27 поени.
Речиси сите жирија на швајцарскиот претставник му дадоа 12 поени, но Хрватска имаше најмногу поени од телевотингот, но недоволно за да го престигне. Хрватска од стручното жири имаше само две дванаесетки и тоа од Кипар и Србија.