Забава
Гвинет Палтроу: Мојот сопруг немаше чувство за вкус и мирис девет месеци по заразата со Ковид-19

Гвинет Палтроу вели дека сопругот Бред Фалчук немал чувство за вкус и мирис девет месеци откако се заразил со Ковид-19.
Коосновачката на „Гуп“ и нејзиниот сопруг долго време се бореле со последиците од коронавирусот. Тие со месеци чувствувале некои од симптомите на вирусот иако инфекцијата поминала.
50-годишниот сопруг, ТВ-писател, го имал вообичаениот симптом – нарушување на осетот за мирис и вкус – речиси една година, додека таа сè уште чувствува екстремен замор.
„Тој всушност го доби назад својот вкус и мирис дури во јануари, девет месеци откако ги изгуби“, Гвинет рече во инервју за „Пипл“.
Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени од Ковид-19 е еден од најчестите симптоми, но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.
Според најнова студија, речиси 90 % од луѓето кои го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно им се вратиле по еден месец, но 10 % од нив никогаш не го добиле назад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Оливија Вајлд прошета во проѕирен фустан на забавата по Оскарите

Оливија Вајлд (40) го привлече вниманието со изборот на фустан за афтер-журката која се одржа по Оскарите.
Таа се појави во бел проѕирен фустан под кој и се гледаше долната облека.
Изгледот го комплетираше со златна чанта, едноставен накит и неутрална шминка.
Реакциите на социјалните мрежи се главно позитивни. „Жената изгледа божествено“, „Иако откри малку премногу тело, не изгледа евтино. Секоја чест“, „Изгледа како самовила“, беа коментарите. Имаше и такви кои сметаа дека нејзината облека „не е соодветна“ за ваков настан. „Изгледа сега ќе се напие топло млеко и ќе спие“, се пошегувал некој.
Забава
Србите ги коментираат чевлите на Вучиќ од 930 евра: „Ги купи сите бои, за сите села“

Александар Вучиќ повторно е главна тема на Икс поради неговите чевли.
Неодамна Србите ги коментираа патиките што ги носеше претседателот во емисијата „Ќирилица“ на Хепи ТВ. Вучиќ потоа се појави пред камерите облечен во патики од брендот Zegna, кои чинат 870 долари (околу 850 евра). Вучиќ носи и чевли од овој бренд, кои ги покажа на неколку фотографии кои претходно ги објави на социјалните мрежи. Сега вниманието го привлече со чевлите од брендот Сантони.
Juce je imao ove 👇🏻 pic.twitter.com/DSoJHBKxxK
— Mejn 'Z' (@z_mejn) March 2, 2025
На еден настан тој го облече моделот Dragon suede shoes, кој чини 980 долари (околу 930 евра). Спортските кожени чевли се произведени во Италија, а многумина забележале дека претседателот ги поседува во повеќе бои.
Чевлите на Вучиќ веднаш предизвикаа потсмев на Икс.
„Ги купи сите бои, за различни села“, „За тие пари чевлите можеа да бидат поубави“, „Може да се само комплекси“, „Човек би помислил дека му никнува пченица зад нозете, смокви растат, кога тоа останало пустелија“, „Можеби нема ништо подобро“, „Џабе е кога сè на него изгледа како гумена чевли“, се дел од коментарите на Србите.
Забава
Објавен датумот на погребот и комеморацијата за Саша Поповиќ

Гранд продукција објави дека погребот и комеморацијата за продуцентот Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток на 6 март.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека во четврток, на 6 март, во 10 часот, во главната конгресна сала на Центарот Сава ќе се одржи комеморација на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истиот ден во 12:00 часот семејството ќе прима сочувство на Бежаниските гробишта во црквата Свети апостол Тома каде во 13:45 часот ќе се одржи миса. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути“, пишува Гранд продукција.
Саша Поповиќ беше еден од најмоќните луѓе во српската естрада. Најмногу е познат преку неговата работа како продуцент, телевизиски водител и поранешен музичар. Почина на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.