Забава
Гвинет Палтроу ќе биде велнес-советник на џиновски брод за крстарење

Гвинет Палтроу стана вешта во продажба на сè, од најважни парчиња облека до секс-играчки и свеќи што мирисаат на вагини.
А сега актерката и претприемач додава нова професија во својата „Гуп“ биографија, велнес-гуру на крстаречки брод.
Гвинет (48) преку „Инстаграм“ во средата објави дека се здружила со компанијата Celebrity Cruises, која организира крстарења за славните, и тие работат на проект што ќе биде претставен со нивниот нов брод „Селебрити бијонд“ в година.
Споделувајќи своја фотографија на плажа, Палтроу напиша: „Јас сум најсреќна покрај, во или на море! Во 2022 година јас и мојот тим @goop ќе им се придружиме на @celebritycruises на нивниот нов брод Celebrity Beyond“.
Таа објасни: „Ќе бидам зад сцената, ќе работам на некои специјални проекти како нов советник на добросостојба. Мојот тим од Goop подготвува програми за велнес-приврзаници и фитнес-опрема за нови искуства и доживувања на славните. Не смеам да откријам повеќе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Луѓето родени во овој знак се најубави на светот

Убавината може да се манифестира на многу начини, но некои луѓе поседуваат харизма и топлина што веднаш плени.
Додека многумина веруваат дека вистинската убавина доаѓа однатре, астрологијата тврди дека еден хороскопски знак особено зрачи со ненаметлива привлечност – а тоа е Ракот.
Раковите поседуваат убавина, која не е светкава, туку суптилна и нежна, како благ летен ветер или чувство на сигурност во прегратките на саканата личност. Нивното присуство смирува и ја загрева душата оставајќи неизбришлив впечаток.
Она што ги прави уникатно убави се нивните очи – огледало на душата, во кое се испреплетуваат емоции, нежност и скриена доза мистерија. Нивниот поглед може истовремено да зрачи топлина и неодолива привлечност.
Раковите се познати по нивната емпатија и способност да ги разбираат другите луѓе. Нивното внимание, грижа и подготвеност да ве слушаат ве прават да се чувствувате посебно во нивно друштво.
Нивната убавина не е само во физичкиот изглед, туку и во топлината што несебично ја даваат.
Иако не се потпираат на својот надворешен изглед, Раковите знаат како да ја истакнат својата убавина кога сакаат. Нивниот стил зрачи со едноставност и грациозност, а нивната внатрешна светлина прави секој нивен избор да изгледа посебен и префинет.
Ракот не е само знак на визуелна привлечност – нивната внатрешна убавина се рефлектира во начинот на кој прават да се чувствувате сакано и важно.
Затоа е речиси невозможно да ги заборавите Раковите, кои ви го разубавуваат денот со своето присуство.
Забава
Рита Ора блесна во виолетова креација на забавата по „Оскарите“

Пејачката Рита Ора блесна во виолетова кадифена тоалета на забавата по Оскарите организирана од магазинот Vanity Fair.
Рита Ора изгледаше неверојатно додека уживаше во афтер-журката на Оскарите, забавувајќи се со Орландо Блум и неговата свршеница Кејти Пери, како и неговата поранешна Миранда Кер.
Познатата пејачка оваа година не разочара со својот моден избор, а слободно можеме да кажеме дека беше една од најгламурозните личности кои избраа „адекватен“ моден аутфит за оваа традиционална пригода.
Забава
Соочете се – не можете да им кажете не: овие знаци секогаш го добиваат она што го сакаат

Постојат хороскопски знаци на кои е речиси невозможно да им се каже „не“. Нивниот шарм, упорност и убедливост секогаш ги водат до нивната цел.
Овие хороскопски знаци се едноставно неодоливи, толку многу што и да сакате, не би можеле да ги одбиете, што и да бараат од вас. Едноставно ќе ве вовлечат во нивната „мрежа“ и се ќе биде по нивно.
Лав
Харизматични и самоуверени Лавовите знаат да ве убедат дека нивната идеја е најдобра. Нивниот неодолив шарм и природна харизма често значат дека добиваат што сакаат.
Вага
Шармантни и дипломатски, Вагите се вистински мајстори за преговори. Нивната насмевка и способност да им угодат на сите често значи дека ќе се согласите на сè што ќе предложат.
Шкорпија
Интензивните и наметливи Шкорпии точно знаат што сакаат и како да го добијат тоа. Нивната одлучност и мистериозен шарм често ве „тера“ да им кажете „да“.
Близнаци
Духовитите и разговорливи Близнаци ве освојуваат со разговор пред да сфатите дека веќе сте се согласиле на се што побарале.
Ако некогаш сте рекле „не“ на некој од овие знаци, честитки, бидејќи тоа не е лесна задача!