Забава
Германските медиуми: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат

Германските медиуми пишуваат за наводни проблеми во бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Бунте пишува дека германскиот фудбалер и српскиот тенисер наводно ставиле крај на деветгодишниот брак. Според магазинот, тие не живеат заедно веќе два месеци. Истата информација ја пренесе и германски Билд.
Бастијан поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, додека Ана, пишуваат Германците, е во Белград со трите сина Лука (7), Леон (4) и Тео (1). Засега не се знае ништо за причините за наводниот брачен распад, а оваа информација не е официјално потврдена.
Нивната последна заедничка објава на социјалните медиуми беше во март годинава, но тоа беше спонзориран пост.
Бастијан и Ана првпат беа видени заедно во 2014 година. Парот се венча во 2016 година во Венеција, на луксузна церемонија со блиски пријатели и семејството меѓу гостите. Тие имаат три сина: Лука (роден 2018 година), Леон (роден 2020 година) и Тео (роден 2024 година).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.