Забава
Ги нема во публика: Луѓето забележаа необичен детаљ на Мундијалот
Светското првенство во фудбал почна во саботата со натпреварот Катар -Еквадор, а гледачите веднаш забележаа необичен детаљ на трибините.
Од милионите луѓе кои на своите ТВ-приемници го гледаа натпреварот и церемонијата на отворање на првенството голем процент рекоа дека не виделе жени на трибините на стадионот Ал Бајт.
Еден ден по воведниот натпревар, многу љубители на фудбалот од целиот свет забележаа дека не виделе жени навивачи на првиот натпревар од Светското првенство во фудбал во Катар.

Според податоците на „Статиста“, 37% од љубителите на фудбалот се жени, додека мажите сочинуваат мнозинство со 63%, но сцените од првиот натпревар не одат во прилог на овие статистики.

„Нема жени“ напиша еден навивач на социјалните мрежи, додека друг праша: „Дали гледате жени на трибините, дали воопшто им е дозволено да присуствуваат?“, а трет се пошегува дека трибините личат на седиштето на „Твитер“.

Иако на жените им е дозволено да присуствуваат на натпреварите, гледачите забележале дека речиси и ги нема, коментирајќи дека е невообичаено да се гледа фудбалски натпревар без жени во публика, кои, можеби токму поради оваа причина, не биле ни снимени.
Светското првенство во Катар го одбележаа бројни контроверзи дури и пред самиот почеток. Од забраната за алкохол, застарените упатства за однесување и неодамнешниот скандал со платени фанови, а ова е само уште еден во низата.
Катар и ФИФА се соочуваат со критики од навивачите и владите уште откако во 2010 година земјата го доби правото да биде домаќин на Светското првенство.
Имаше обвинувања за корупција во процесот на наддавање и лош живот и услови на работниците мигранти.
Во пресрет на Светското првенство навивачи тврдеа дека земјата е премногу строга со законите за стадионите и хомосексуалноста и дека постои одреден недостиг на инклузивност на луѓето од сите групи и еднакви родови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

