Забава
Град во Европа чии жители јадат пица повеќе и од Италијанците

Франција е позната по својата префинета храна и вино, која драстично се разликува од италијанската кујна. Затоа, пицата не е на листата со омилени оброци во оваа земја. Така барем се мислеше…
Меѓутоа, покрај сите француски печива, кроасани и брускети, Французите сепак се големи љубители на пица. Така, на пример, просечниот Французин годишно јаде по 11 килограми пица, што оваа нација ја става на второто место во светот веднаш зад Американците, а пред Италијанците.
Страста за пица во Париз придонесе во Градот на светлината да бидат отворени повеќе добри пицерии, каде што, дефинитивно, треба да поминете при посетата на француската престолнина.
- Louie Louie – според многумина љубители на пица, најдобрата пицерија во Париз што се наоѓа во 11. департман.
- Ober Mamma – во сопственост на групацијата Big Mamma, која поседува седум италијански ресторани. Поради големата посетеност, се препорачува гостите да дојдат 45 минути пред да се чувствуваат навистина гладни.
- Tripletta – се наоѓа во 20. департман, но вреди да се посети бидејќи оваа пицерија нуди пица во стилот на Неапол. и тоа во четири категории: крем, класична, доматна и калцоне.
- La Fabrica – во 14. департман се наоѓа пицерија каде што можете да седнете во излогот под неонска светлина и да правите минувачите да подголтнуваат додека минуваат покрај вас. Освен пица, тука се прават и едни од најдобрите пасти во Париз.
- La Briciola – во историскиот округ Мараис постои пицерија која е идеална за секој дел од денот. Позната е по своите бели пици, но и џиновските калцони. Можеби е тешко да се замисли, но персоналот во оваа праска пицерија зборува и англиски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ го свртат грбот: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога конечно ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат „сродна душа“ и ќе почнат да ја ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов што е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престанат да размислуваат премногу и ќе си дозволат да чувствуваат, тогаш личноста што е токму она што им треба доаѓа во нивниот живот, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин