Забава
Грајмс откри каде се случило првото рандеву со Илон Маск
Првиот љубовен состанок на Илон Маск и Грајмс бил во фабрика на „Тесла“.
Статусот на нивната врска сè уште е непознат, но како и да е, Маск направил сè за да ја импресионира Грајмс на самиот почеток.
Деловниот магнат (52) се запозна со канадската пејачка (35) во 2018 година. Грајмс, која со милијардерот има тригодишен син и 19-месечна ќерка, ги откри неговите обиди да ѝ се додворува – покажувајќи ги своите вештини во еден од своите бизниси, поточно, во погон на „Тесла“.
Според весникот „Тајмс“, таа му рекла на авторот Волтер Исаксон, кој пишува биографија за Маск: „Цела ноќ одевме по подот и го гледав како се обидува да поправа работи.“
Двојката повторно излегла следната вечер, а овој пат, милијардерот ги покрил очите додека го забрзувал автомобилот кога ја возел Грајмс до ресторан за да ја импресионира со функцијата на автопилот на возилото.
Таа се присети: „Си помислив… овој човек е луд“.

Двојката, чиј моментален статус на врска е непознат, исто така се поврзале преку „Господарот на прстените“ и историските поткасти.
„Единствениот начин да бидам во сериозна врска е ако личноста со која излегувам може да слуша еден час воена историја пред спиење,“ вели таа.
Грајмс неодамна откри дека нивните деца, познати како X и Y, ги споделуваат татковите интереси во вселената и инженерството.
„Х знае многу за ракети. Тоа е лудо. Тој знае повеќе за ракети од мене. Моравме да престанеме да му даваме играчки, бидејќи ако не се анатомски исправни, се нервира.“
„Тој е мал инженер, сигурно. Но, неговата опсесија со вселената се граничи сo прашањето: дали е ова здраво?“
„И Y е мала инженерка. Таа сака индустриски транспорт. Многу е чудна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Високопреработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и за концертот со наслов „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт со наслов „Бесмртна“, така возбудата за Бојана Скендеровски расте од ден на ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детаљ од вечерта, која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува она што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер што ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме, подготвувам и едно мало музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20 часот, во Филхармонијата, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцената. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства што траат и моменти што се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин

