Забава
Грешки поради кои вашиот домашен сладолед е неуспешен
Кога правите домашен сладолед, клучот е да избегнете пет вообичаени грешки што го прават неуспешен.
1. Формирање на ледени кристали
Ледените кристали се формираат кога молекулите на водата во смесата полека замрзнуваат, дозволувајќи да растат поголеми кристали. За да спречите формирање кристали, користете стабилизатори како што е 1/4 лажичка желатин.
2. Сладоледот е тврд како карпа
Ова се случува кога има премногу вода или нема доволно масти и шеќер за да се намали точката на замрзнување.Решението е да додадете 1-2 лажици алкохол (како вотка или рум) на 500 мл база за да се намали точката на замрзнување или да ја зголемите содржината на масти со користење на повеќе крем или жолчки од јајца, за да создадете помека текстура.
3. Мек и премногу течен сладолед
Ова може да се должи на недоволно време на замрзнување, премногу шеќер или премногу алкохол во смесата.Решението е основата да се олади на најмалку 4°C пред мешањето и машината за сладолед да се постави на соодветна температура за мешање. Доколку е потребно, намалете ја содржината на шеќер за 10-20%.
4. Коагулирана основа
Ова се случува кога јајцата се загреваат пребрзо или на превисока температура, што предизвикува нерамномерно згрутчување. Решението е да ја загреете смесата на тивок оган и постојано да мешате. Ако се згрутчи, брзо процедете ја смесата и веднаш ставете ја во фрижидер.
5. Нерамномерна распределба на смесата
Ако парчињата чоколадо, јаткасти плодови или овошје не се рамномерно распределени во сладоледот, причината е што се додадени прерано во процесот на матење или кога се премногу тешки за основата на сладоледот.Решението е да ги додадете тие состојки во последните неколку минути од мешањето за да бидете сигурни дека се добро соединети без да потонат на дното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

