Забава
Дали Чарлс е последниот британски крал
Младите генерации, кои треба во него да го видат она што нивните родители, баби и дедовци го гледаа во Елизабета, за Чарлс знаат главно она што го виделе во серијата „Круна“ на „Нетфликс“.
Знаат дека неговиот живот е обележан со љубовниот триаголник и трагичната смрт на обожаваната принцеза Дијана.
Според „Вашингтон пост“, кралот е далеку помалку популарен од неговата мајка и мора да ја обезбеди иднината на Домот на Виндзор, без да го доведе во прашање опстанокот на монархијата.
Весникот смета дека му претстојат тешки времиња на кралот поставувајќи го прашањето што еднаш го изговори неговата поранешна сопруга Дијана: „Може ли тој да биде крал на срцата на луѓето?“

Според многумина, смртта на Елизабета Втора го означи почетокот на крајот на врската со британската монархија, која таа ја изгради и зачува цели 70 години. Новата химна вели дека Бог го штити кралот, но – дали Британците ќе го заштитат?
Невозможно е да се игнорираат оние што носат транспаренти на улиците: „Тој не е мој крал“. „Укинете ја монархијата“.
Тој го носи товарот на славата и недостижната харизма на својата мајка, факт што, најверојатно, повеќе му се допаѓа на неговиот постар син Вилијам. Чарлс со децении го носеше неблагодарниот епитетот на крал во чекање.
За Чарлс Трети, важен е балансот меѓу модернизацијата и одржување на прастарата мистика на кралството. Од самиот почеток тој се претставува помалку недостижен од својата мајка и покажува малку повеќе емоции за својата улога.
Според „Њујорк тајмс“, Чарлс ја изгради својата империја пред да го наследи кралството. Својот имот, познат како Војводството Корнвол, го претвори во најпрофитабилен семеен бизнис со помош на голем тим менаџери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“
Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.
Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.
Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.
Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.
На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.
„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.
Забава
(Фото) Пролетта нè повикува: 5 безвременски комбинации со бели панталони
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои.
Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер.
Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони.
Еден начин е да ги комбинирате со меки, зимски ткаенини како волна или кашмир. Пар бели панталони можат да додадат сјај на вашиот стил, а воедно да обезбедат топлина и удобност.
За лежерен зимски изглед, размислете за комбинирање на бели панталони со топол џемпер или стилска јакна. Можете исто така да додадете пар чизми за зимски изглед.
Ако сакате да создадете ексцентричен и модерен outfit, комбинирајте ги белите панталони со смело обоен капут.
За поформални настани во зима, не плашете се да изберете бели панталони во комбинација со стилски долг капут. Белата боја ќе даде елеганција и софистицираност, а во исто време совршено ќе го надополни вашиот outfit.
Одлична опција е да комбинирате бели панталони со капут. Облека која ќе ви обезбеди неспоредлива топлина и стил.
Забава
(Видео) Нејзините густи веѓи ја направија позната, но сега луѓето ја молат да ги среди
Моделот Софија Хаџпантели изгради успешна кариера како модел благодарение, верувале или не, на своите густи веѓи кои одбива да ги стилизира или, подобро кажано, да ги „кубе“.
Таа позираше за бројни реномирани модни списанија, како што се „Вог“, „Ел“, „Харперс Базар“, кои ја препознаа нејзината специфична убавина, имено нејзините веѓи.
Сепак, животот на Софија не е секогаш „мед и млеко“. Поради нејзината одлука да не ги „кубе“ своите природно густи веѓи, таа често е мета на јавни критики и лоши коментари. Сепак, таа вели дека туѓите мислења не влијаат на неа.
„Едноставно ми се допаѓа како изгледам“, рече таа. „Мислам дека, генерално, исто е и со другите работи во животот, ако нешто ми се допаѓа, токму тоа ќе го правам!“
Причината зошто не ги кубе веѓите
Софија нагласува дека советите на нејзината мајка многу ѝ помогнале во нејзината перцепција за женската убавина. Имено, моделот истакна дека нејзината мајка, уште како дете, ја советувала да не ги стилизира густите веѓи.
„Растејќи, мајка ми ми велеше: „Воопшто не ги допирај веѓите. Не ме интересира што прават другите луѓе, не ги допирај“, се присети таа во интервју за „Style Like U“.
Реакциите на јавноста се поделени
Додека некои тврдат дека ова е храбар потег и ѝ се восхитуваат за оваа одлука, други не се за нејзината одлука да не ги кубе веѓите.
„Крубете ги, ве молам, ослободете се од нив“, „Одвратни се. Не ме интересира политичката коректност“, „Што е ова?“, се само дел од коментарите на мрежите.

