Забава
Даниел Крег снима реклама во Париз
Исклесано торзо, мажественост и силата на карактерот се негов заштитен знак од деновите кога беше 007, но најновиот изглед на Даниел Крег сугерира дека „добил дозвола“ да воодушеви сосема нова публика.
Изминатиов викенд Крег беше забележан во Париз како снима реклама за вотката „Белведере“, брендот за пијалаци кој претходно потпиша договор вреден повеќе милиони фунти со продуцентите на „Бонд“ за да го врати мартинито – протресено, не мешано – на менито на 007.
Крег е далеку од неговото алтер-его таен агент на рекламата за омилениот пијалак на Џејмс Бонд.

Нашминкан и облечен во црна кожена Брандо моторџиска јакна, маица со длабок заоблен врат и сребрен синџир – камперска облека на која Џемс Бонд сигурно ќе ја кренеше веѓата, коментираат британски таблоиди.
Тој потоа ја смени гардеробата за нови сцени и се појави во елегантен бел костум и бледорозова кошула – уште едно модно ‘не’ за познатиот агент на Јан Флеминг. Авторот на 007 имал тетратка во која имало голем број правила „како да се живее“, во кои е вклучено и предупредувањето: „Не трошете го вашето време на жени кои носат белезица на левиот зглоб.“
Крег не беше единствениот славен на сетот во Париз. Поп-ѕвездата Рита Ора се појави за да го поддржи свршеникот Таика Ваитити, кој ја режира рекламата за луксузниот полски бренд на вотка.

Ова е првпат Даниел Крег да биде забележан на сет откако минатата година заврши со Џејмс Бонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

