Контакт

Забава

Двејн Џонсон: Повикот на Вин Дизел да се вратам во „Брзи и бесни“ е манипулација

Објавено пред

И покрај тоа што серијалот „Брзи и бесни“ (Fast & Furious) се приближува до крајот на патот, расправијата помеѓу Двејн (Д’рок) Џонсон и Вин Дизел се чини дека е далелу од завршена.

dobivaj vesti na viber

Двете ѕвезди се во јавна кавга од 2016 година кога се судрија на снимањето на „Судбината на бесните“. Оттогаш двајцата разменуваа коментари еден на друг преку објави на социјалните мрежи и интервјуа.

Некој можеби ќе помисли дека обостраната нетрпеливост станува заморна по неколку години, но имајќи ја предвид објавата на Дизел на „Инстаграм“ и неодамнешното интервју на Џонсон за Си-ен-ен, тие очигледно нема да ги подобрат односите набргу.

Во интервјуто 49-годишниот професионален борач, познат по прекарот Д’рок (Карпата), а сега познат актер и продуцент, рече дека стапил во контакт со Џонсон во една пригода изминатото лето и му рекол на Дизел дека нема шанси да ја повтори својата улога како Лук Хобс во Fast & Furious 10.

Дизел подоцна на својот инстаграм-профил побара од Џонсон да се приклучи на популарната филмска сага, но Џонсон ова го нарече пример за манипулација.

„Бев многу изненаден од неодамнешната објава на Вин. Изминатиов јуни му кажав директно дека нема да се вратам во франшизата. Бев јасен и реков дека секогаш ќе бидам поддршка на актерската екипа и секогаш ќе се залагам за успешна франшиза, но дека нема шанси да се вратам“, објасни Џонсон.

„Неодамнешната јавна објава на Вин беше пример за неговата манипулација. Не ми се допадна што ги вовлекува своите деца во објавата. Остави ги надвор од ова. Мојата цел цело време беше да го завршам моето патување со оваа неверојатна франшиза со благодарност и грациозност. Жално е што овој јавен дијалог ја замати водата“.

Во објавата на „Инстаграм“, Дизел го нарече Џонсон помал брат и рече дека неговите деца го нарекуваат Џонсон вујче Двејн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Нетфликс надмина 325 милиони претплатници, профитот нагло порасна

Објавено пред

Американската стриминг услуга Нетфликс надмина 325 милиони претплатници низ целиот свет, објавувајќи го своето прво ажурирање за бројот на претплатници за една година.

dobivaj vesti na viber

Компанијата ја заврши 2024 година со 301,6 милиони корисници кои плаќаат. Во последниот квартал, Нетфликс ги зголеми приходите за 17,6 проценти на годишно ниво на нешто над 12 милијарди долари. Нето добивката достигна 2,42 милијарди долари, што е зголемување од речиси 29 проценти во однос на претходната година.

Нетфликс моментално бара да го купи студиото и стриминг бизнисот на холивудскиот гигант Warner Bros Discovery. За да го финансира договорот, кој вреди околу 83 милијарди долари, Нетфликс соопшти дека ќе ги суспендира откупите на акции, објавувајќи го овој потег заедно со својот извештај за заработка.

Американските компании често користат откупи за да помогнат во одржувањето на цените на нивните акции.

Акциите на Нетфликс паднаа за дури 5 проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Откако се појавија извештаите за плановите за преземање на Warner Bros, акциите изгубија околу 30 проценти од својата вредност. Нетфликс потоа се откажа од плановите да вклучи акции во трансакцијата и изјави дека ќе ја плати куповната цена во готово.

Прикажи повеќе...

Забава

„Ќе го направам тоа утре“: Најнеуредните луѓе се родени во еден од овие 4 хороскопски знаци

Објавено пред

Додека некои луѓе не можат да заспијат ако чашата им е на погрешно место, за други „креативниот хаос“ е нивна природна состојба.

dobivaj vesti na viber

Астрологијата, се разбира, не може да ги замени навиките и воспитувањето, но честопати сака да си игра со идејата дека на некои хороскопски знаци им е потешко да ги средат работите.

Некои се расеани, некои се премногу зафатени, а некои едноставно не го гледаат проблемот во куп облека на стол. Она што им е заедничко е што нивното расположение и инспирација се поважни од совршено распоредените полици. И додека некои луѓе чистат за да се смират, овие знаци се смируваат само кога ќе престанат да размислуваат за чистење. Ако се препознаете себеси, не грижете се, секогаш постои план: „Ќе средам утре“.

Стрелец
Стрелците се постојано во движење, па затоа нивниот дом често служи како попатна станица помеѓу два плана. Средувањето е на нивната листа „кога имам време“, но тоа време некако секогаш се одминува.

За нив, нередот честопати не е нечистотија, туку траги од живот: ранец во ходник, сувенири на масата и јакна на првата столица.

Близнаци

Близнаците ја сакаат динамиката, информациите и постојаните промени, па затоа редот ретко им е приоритет. Нивниот неред изгледа како во истиот простор да се одвиваат пет различни дена одеднаш: книга, лаптоп, чаша, белешки, полнач.

Тие често знаат каде е сè, но само тие знаат каде е, сè додека некој не им „помогне“ да средат.

Риби

Рибите се емотивни и имагинативни, а практичните мали нешта како што е организирањето на нивните плакари лесно им се испуштаат од радарот. Кога нивните глави се полни со чувства, креативност или грижи, средувањето изгледа како сурово враќање во реалноста.

Во нивниот простор, често ќе најдете „мек хаос“: ќебиња, свеќи, мали предмети и купови што чекаат „подобар момент“.

Водолија
Водолиите се оригинални и ментално секогаш се фокусирани на идеја, па затоа физичкиот простор честопати се става во втор план. Тие би сакале да смислат генијално решение за нешто големо отколку да се занимаваат со сортирање чорапи.

Нивниот неред може да биде технолошки: кабли, направи, документи и тековни проекти, бидејќи „им треба повеќе од тоа“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

Објавено пред

Кејти Пери и Џастин Трудо го привлекоа вниманието на јавноста кога се појавија на Светскиот економски форум во Давос. Двојката, која веќе некое време е на насловните страници, блесна на овој настан, а нивните насмевки и љубовни погледи беа, навистина, забележливи.

dobivaj vesti na viber

И додека Трудо беше еден од учесниците на овој престижен настан, неговата сакана беше морална поддршка. Комбинацијата што пејачката ја носеше за оваа пригода е исто така интересна.

Таа избра беж сет кој ја истакнува нејзината витка фигура и ја нагласува целата нејзина женственост.

Нејзиниот аутфит е синоним за елеганција, а Кејти Пери се погрижи сите светски лидери да бидат воодушевени од нејзиното издание.

Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во природни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа, а додаде и златни обетки.

Што се однесува до поранешниот канадски премиер, тој избра класично одело и најобична вратоврска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија2 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија2 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија2 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет4 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет4 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа4 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија4 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија18 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија19 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија21 час

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија21 час

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија21 час

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија22 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија23 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет23 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ1 ден

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет1 ден

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет1 ден

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет1 ден

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...