Забава
Два евтини продукта кои се смртоносно оружје за повеќе болести
Можеби ви звучи неверојатно, но медот и циметот во комбинација лекуваат и спречуваат повеќе болести. И што е најдобро и двата продукта се релативно евтини и се лесно достапни.
Научниците потврдуваат дека медот е многу ефикасен во лекувањето многу болести, а во комбинација со циметот станува смртоносно оружје против вирусот, високиот холестерол, шеќерот и други непријатели на нашето здравје.
Срцеви заболувања
Направете паста од мед и цимет во прав. Намачкајте ја на парче леб наместо мармалад и јадете редовно за појадок. Ова го намалува нивото на холестерол во артериите и спречува срцев удар.
Артритис
Во чаша топла вода измешајте две големи лажички мед и една кафена лажичка цимет. Пијте ја напивката наутро и навечер. Ако го земете редовно, може да помогне да се излекува дури и хроничен артритис.
Инфекции на жолчното кесе
Во чаша млака вода измешајте две големи лажички цимет во прав и една кафена лажичка мед. Пијте го секој ден. Ова ќе ги уништи микробите во жолчниот меур.
Холестерол
Измешајте две големи лажички мед и три лажички цимет во голема шолја за чај. Една доза од оваа смеса го намалува нивото на холестерол 10 проценти во рок од два часа.
Настинка
Кога сте настинати, земете една голема лажица мед со една четвртина лажичка цимет. Земајте ја оваа мешавина од мед и цимет три дена по ред. Ќе ви помогне да се излекувате побргу, а помага и при хронична кашлица и синуси.
Болка во желудникот
Медот во комбинација со цимет ќе ви ја излекува болката во стомакот. Редовното земање на двата продукта помага и при лекување чир на желудникот.
Имунолошки систем
Секојдневното земање мед и цимет во прав го зајакнува имунитетот и го штити телото од бактерии и вируси.
Грип
Шпанските лекари откриле дека медот содржи природни состојки што ги убиваат вирусите и штитат од грип.
Губење на тежината
Сварете мед и цимет во прав претходно измешани во чаша вода. Пијте ја напивката секое утро на празен стомак – половина час пред појадокот. Редовното земање ќе ви помогне да симнете килограми и да ослабете.
Здивот од устата
Секое утро плакнете ја устата со топла вода измешана со лажица мед и малку цимет. Ова ќе ви помогне да го задржите здивот свеж преку целиот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

