Контакт

Забава

Деми Ловато повеќе сака да биде со жена

Објавено пред

Американската пејачка и актерка Деми Ловато, која минатата година се опиша себеси како бисексуалка, сега призна дека на нејзината средба со неименувана жена се чувствувала подобро отколку да е со момче.

dobivaj vesti na viber

28-годишната ѕвезда пред неколку години им признала на родителите дека е сексуално флуидна, односно дека нејзината сексуална определба е подложна на промени.

А сега таа, наводно, созреала бидејќи открила дека не е заинтересирана за „романса со кој било од спротивниот пол“.

Девито за новиот број на списанието „Гламур“ изјави: „Имав средба со една девојка. Тоа ми се допаѓа многу повеќе. Се чувствував подобро, како што треба.“

„Со некои од момците со кои излегував – кога ќе дојдеше време да бидеме интимни, јас имав висцерална реакција. Тогаш сфатив дека повеќе ги ценам пријателствата со тие момци отколку романсата, и не сакав романса со никој од спротивниот пол”.

Деми призна дека почувствувала огромно чувство на олеснување кога нејзиниот кратка свршувачка со Макс Ерих заврши во септември минатата година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Поладен или потопол тон, кафеава или руса: определете која боја на коса најмногу ви одговара

Објавено пред

Иако сите сакаме да носиме она што најмногу ни се допаѓа, изборот на вистинската боја на коса може и да ве разубави и подмлади, па затоа е важно да ја пронајдете вистинската боја.

dobivaj vesti na viber

Вистинската боја на коса може да направи чуда за вашиот изглед – освежувајќи го вашето лице, истакнувајќи ги вашите црти на лицето и буквално подмладувајќи ве. Од друга страна, нијансата што не се совпаѓа со вашиот природен тен може да ве направи да изгледате поуморно или постаро отколку што всушност сте.

Затоа изборот на совршена боја на коса е повеќе од само следење на трендовите – станува збор за пронаоѓање на нијансата што совршено ја надополнува вашата природна боја.

Како знаете која нијанса најмногу ви одговара?

Еден од најлесните начини да го откриете тенот на вашата кожа е да ги погледнете вените на вашиот зглоб. Ако вашите вени се повеќе сини или виолетови, имате ладен тен на кожата, а ако се зеленикави, имате топол тен на кожата. Неутралниот тен на кожата има мешавина од обете.

Топлите тонови на кожата најдобро функционираат со нијанси што имаат златен, бакарен или меден сјај – како карамела, топла чоколадна, златно руса или медена.

Ладните тонови на кожата изгледаат подобро со пепелави тонови – како што се ладна сина, темно орев, пепелаво кафеава или темно кафеава без црвеникави рефлексии.

Ако не сте сигурни во која група припаѓате, размислете и во која боја на накит изгледате подобро: сребрената обично им ласка на постудените тен, додека златната им одговара на потоплите.

Руса или кафеава коса – што да изберете?
Русите тонови на косата можат да го освежат лицето и да дадат понежен, повоздушен впечаток, додека кафеавите нијанси изгледаат елегантно, софистицирано и честопати поприродно. Клучот е во нијансата – светло руса коса со топол подтон изгледа одлично на оние со светли очи и топол тен, додека темно русите или пепелавите нијанси им ласкаат на оние со постуден тен.

Кафеавите нијанси се ценети затоа што се лесни за прилагодување – топлите чоколадни и костенливи бои се совршени за златен тен, додека ладните темно кафеави или еспресо нијанси нагласуваат тен со розов или порцелански подтон.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Најубавото девојче денеска е непрепознатлива жена: ја напаѓаа, а сега остава без здив

Објавено пред

Некогаш најубавото девојче на светот, Тилан Блондо, се појави на Неделата на модата во Париз и ги шармираше сите со својот едноставен, но елегантен изглед.

dobivaj vesti na viber

Пред 18 години, таа ги освои сите како најубавото девојче на светот, а сега има 24 години, а во еден момент беше мета на коментари поради наводна естетска хирургија.

Таа јавно го негираше сето ова и му ја покажа на светот најдобрата верзија од себе во модерен зимски костум. Носеше бела маица под сакото, а сè комплетираше со кафеави чевли.

Во исто време, ова е нејзино прво појавување откако се огласи на социјалните мрежи и нагласи дека е презаситена од обвинувања дека го корегирала лицето.

„Никогаш не сум правела ништо. Погледнете ги моите фотографии кога бев мала и ќе видите дека сè е исто. Ако користам моливче за усни и шминка, тоа не значи дека сум имала операција“, рече таа.

Тилан Блондо имаше само три години кога се појави на светската модна сцена и оттогаш од најубавото девојче стана глобална модна икона.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Поранешните сопружници фатени на дело? Нивната љубов можеби заслужува трета шанса

Објавено пред

Премиерата на филмот „Kiss of the Spider Woman“ се одржа во Њујорк, каде што Џенифер Лопез и Бен Афлек работеа заедно.

dobivaj vesti na viber

Тие изненадија многумина позирајќи заедно за фотографите, но и потсетија на некои стари времиња. Поранешните сопружници покажаа дека останале во пријателски односи и дека сè е во ред меѓу нив.

Двајцата не ги криеја своите насмевки, но и покрај желбите на нивните обожаватели, сè остана само на пријателска основа.

Во еден момент, Џеј Ло им се заблагодари на сите, особено на Бен.

„Ви благодарам на сите што сте тука вечерва. Ти благодарам Бен, овој филм немаше да биде направен без тебе“, рече латино дивата.

За оваа пригода, Џеј Ло избра драматична креација со цветни мотиви, но и тродимензионален детаљ што оди околу половината и главата.

Од друга страна, Афлек беше во едноставно темно сино одело и бела кошула и стоеше до неговата поранешна сопруга насмевнувајќи се цело време.

За потсетување, двајцата првпат почнаа да се забавуваат во 2002 година, но раскинаа во 2004 година. Тие ѝ дадоа втора шанса на љубовта во 2021 година, а потоа завршија со сè минатата година поради непомирливи разлики.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа54 минути

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа1 час

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет1 час

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа1 час

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија10 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија14 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија15 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија15 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија16 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ18 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија20 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија21 час

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ21 час

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ21 час

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ21 час

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа1 ден

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа1 ден

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...