Забава
Дизајнерката Вера Вонг го прослави својот 71. роденден: „Тајната е во вотката“

Дизајнерката Вера Вонг го прослави својот 71. роденден во текот на викендот, а фановите не престануваат да го коментираат нејзиниот младешки изглед под фотографиите што ги објави.
Дизајнерката позираше во хеланки и топ, а ноктите ги налакира во бои на виножито, означувајќи ја така гордоста.
Објавата доби десетици илјади лајкови и стотици коментари, а повеќето беа заинтересирани за тоа како го одржува својот изглед.
„Замислете, таа има 70 години“, „Таа не може да има 70 години“, но може и има. Добро, 71, да бидам прецизен “, „Изгледаш вечно млада и привлечна, како го правиш тоа“; „ Како“,„ Вера Вонг мора да е вампир“, беа коментарите под објавата.
Вoнг сподели порака на „Твитер“ со која им се заблагодари на обожавателите.
71… having fun! ?? X https://t.co/0aMJZmjyNd
— Vera Wang (@VeraWang) June 27, 2020
„Благодарам за убавите роденденски желби. Да … имам 71 година и се забавувам.“
Дизајнерката исто така неодамна ја откри тајната на добриот изглед.
„Работење, спиење, коктел од вотка и избегнување сонце“, и одговорила славната дизајнерка на една следбеничка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фатална и во шестата деценија: Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна беше цел на коментари за изјава за дете, што многумина ги сметаа за несоодветни. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание на себе.
Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, а горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетира со сандали на високи платформи и со спектакуларни обетки гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Никој не го тргна погледот од неа поради нејзиниот неодолив фустан

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ привлече внимание во необична креација, која совршено ги откриваше нејзините вити нозе и идеалната фигура.
Тајландската раперка и актерка Лалиса Манобал, која светската слава ја стекна како членка на групата Blackpink, а потоа ја доби својата прва актерска улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, привлече можеби најголемо внимание на 77. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес, сето тоа благодарение на фустанот што го носеше на оваа церемонија.
Розовиот фустан неодоливо личи на шеќерна волна, што не е прв пат оваа година да видиме таков стил на црвениот тепих. Сепак, иако ваквите фустани можеби станаа еден од најнеобичните трендови, што дури и бремената Ријана ги прифати, тие секогаш привлекуваат неверојатно внимание и ги ставаат своите сопственици во центарот на настаните.
Оваа креација се состои од неколку слоеви транспарентен тил, кој е најизразен на колковите, каде што има длабок шлиц што ја истакнува завидната фигура на популарната Лиза, како што ја нарекуваат, но целото внимание е сепак насочено кон нејзините вити нозе.
Бојата на фустанот ја комбинира со накит и светкави зашилени чевли.
Целиот изглед го заокружи со суптилна шминка и малку виткана коса, како и разоружувачка насмевка, што им ја подари на фотографите.
фото: принтскрин