Забава
Дилан Пен и мајка ѝ Робин Рајт уживаат во заеднички моменти на плажа
Дилан Пен го помина Денот на мајката впивајќи го калифорниското сонце на плажа во Малибу, Калифорнија, со својата мајка, актерката Робин Рајт.
Манекенката (29), ќерка на Шoн Пен и Робин Рајт, во неделата се релаксира на песокот со мајка си Робин (54), ѕвездата на „Куќа од карти“.
Робин, која беше меѓу најплатените актерки во светот во екот на популарната серија „Куќа од карти“ (House Of Cards), се смешка додека разговара со ќерката облечена во куси тексас-шорцови и бела кошула со сини пруги.
Двете имаа малку време сами пред да им се придружат сопругот на Робин, Клеман Жироде (35), и неколку пријатели.
Французинот Клеман Жироде, со кого Робин тајно се венча пред две години, работи како менаџер за ВИП-гости на модната куќа „Ив Сен Лоран“.
Денот на мајката (Mother’s Day) – посветен на мајките, мајчинството и улогата на мајката во оштеството – се слави на разни датуми во светот, најчесто во март или мај, а во повеќето земји на 10 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот
Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци од Зодијакот и тие ќе можат да заработат многу пари.
Во неделата што претстои се движи и ретроградниот Меркур, па затоа треба да внимаваме на проценките, особено кога се во прашање парите.
РАК
Треба да ја искористите добрата позиција на планетите до крајот на месецот, за да преговарате за поголема заработка. Лавот може да биде одличен деловен партнер.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи планина пари. Имате можност да остварите голем профит. Може да биде и зголемување на платата.
ВАГА
Марс во Лав и вам ви одговара, па ќе влезе во нов партнерски бизнис кој може да ви донесе солидна заработка. Плутон во Водолија може да донесе богатство во следните неколку години.
ДЕВИЦА
Ќе бидете наградени за напорната работа на работното место. Имате можност вашето хоби да го претворите во сериозна работа.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.