Забава
Дијамант од 190 карати пронајден во Русија

Огромен дијамант од 190,77 карати е пронајден во руската сибирска федерална единица Јакутија само неколку дена пред новогодишната ноќ, објави Алрос, водечки светски производител на дијаманти.
Според експертите, висококвалитетниот скапоцен камен, кој беше ископан во Јакутија на 25 декември, можел непречено да лежи во природата две милијарди години. Понатамошното испитување ќе ја утврди вистинската старотст на дијамантот, пренесува Раша Тудеј.
„Откривањето на дијамантот непосредно пред Новата година е вистински подарок“, рече Евгени Агурејев, заменик генерален директор на Алрос.
Тој додаде дека природата била многу дарежлива годинава, со извонредни изненадувања како дијамант во форма на срце,којшто компанијата го откри пред Денот на вљубените.
Претходно оваа година руски рудник за дијаманти откри необичен дијамант наречен Матрјошка, бидејќи наликува на традиционална руска кукла. Овој дијамант, стар 800 милиони години, се верува дека е апсолутно бесценет и единствен во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Метју Меконахи откри зошто престанал да снима романтични комедии

Американскиот актер Метју Меконахи (55) откри зошто по долго време престанал да снима романтични комедии, и покрај големиот успех во жанрот.
Во интервју за „Гардијан“, Меконахи признава дека иако филмовите како „Планер на венчавки“, „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ и „Духовите на поранешните девојки“ му донеле популарност, не се чувствувал исполнето.
„Бев добар во нешто што не го сакав“, вели тој.
По последната романтична комедија во 2009 година, решил да направи пауза и да чека посериозни улоги. Поддржан од сопругата Камила Алвес, одбивал понуди, иако, како што вели, неговите браќа постојано го прашувале „што не е во ред со него“.
По речиси две години чекање, Меконахи доживеа препород на кариерата – улоги во Вистински детектив, Интерстелар и Клуб на купувачи во Далас (за кој ја доби и Оскаровската статуетка) го вратија на мапата на сериозна драма. Тоа новоразвиено поглавје во неговата кариера критичарите го нарекоа McConaissance.
„Сакав работата да ми биде важна исто како и животот. Тоа ми требаше,“ вели актерот, кој додава дека одлуката да се повлече од романтичните комедии била ризична, но клучна за да ја пронајде новата страст во глумата.
Иако никогаш целосно не ги напуштил шармантните улоги, Меконахи денес вели: „Сега навистина се забавувам.“
Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28. роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е цел на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позира во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење, кој совршено ги истакнува нејзините облини.
View this post on Instagram
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го приспособите деколтето на градите.
Сидни позира во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
View this post on Instagram
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин