Забава
Добила казна од 400 долари бидејќи заборавила да го изеде појадокот
Жена на возраст од 86 години на аеродромот во Велингтон, Нов Зеланд, добила казна од 400 новозеландски долари бидејќи заборавила да го изеде појадокот.
Сали Хил, која од Австралија пристигнала во Велингтон со две внучиња, воопшто не можела ни да претпостави што ќе се случи штом ќе излезе од авионот.
Имено, додека ја минувала аеродромската контрола, службениците виделе дека во багажот има три праски.
„Им признав дека ги заборавив праските и се извинив зошто не ги изедов за појадок на аеродромот во Сиднеј“, рекла Хил и додала дека сепак службениците не биле расположени за преговори бидејќи торбата веќе минала низ рендген-апаратот.
Како што објасинла оваа постара госпоѓа, персоналот бил пријателски настроен, но одлучен да се напише казната, чиј износ претставува една четвртина од нејзината пензија.
Властите од Нов Зеланд појаснуваат дека земјата има строги правила кога станува збор за биолошката безбедност со цел да се спречи внесување несакани штетници и болести.
„Свежи праски лесно може да донесат овошни мушички, кои прават големи штети во Австралија“, рекол портпаролот на аеродромот, Стив Гилберт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

