Забава
„Досадните“ комбинации повторно во тренд

Можеби изгледаат како најосновни, па дури и малку досадни бои кога се носат одделно, но кога црно-белото ќе се спои – се случува вистинска модна магија.
Оваа вечна модна комбинација стана неопходен „дрес-код“ за сите љубители на тивкиот луксуз, кој владее на пистите, на „Инстаграм“ и во првите редови на модните ревии во целиот свет.
Она што ја прави црно-белата боја неодолива не е само контрастот, туку и чувството на ненаметлива елеганција што ја носи оваа палета. Постојат беспрекорни силуети, луксузни материјали и совршени кроеви, кои го подигнуваат дури и наједноставниот изглед на ниво на модна изјава.
Ако се прашувате од каде да почнете, одговорот е едноставен: изберете парчиња во црно-бела боја, кои имаат чисти линии и се изработени од квалитетни материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Од секси долна облека во елегантен фустан: Ирина Шајк ги засени сите во своето најубаво издание

Познатата Ирина Шајк е една од супермоделите што неодамна блеснаа на годишната ревија на „Викторија сикрет“, а ниту овој пат не разочара. Освен што е една од најбараните модели, таа ја носи и титулата една од најголемите модни икони на денешницата.
Покрај тоа што ги импресионира сите на пистата, таа шармира со својот моден избор на забавата по „Викторија сикрет фешн шоу 2025“, организирана во познат клуб во Њујорк.
View this post on Instagram
Ирина се пресоблече од својата секси долна облека во елегантен фустан, кој совршено ѝ прилегаше на фигурата. Фустанот, изработен од сатен во шампањ боја, нежно паѓаше сè до подот, а е уште позаводлив поради фактот што Ирина не носеше градник.
Минималистичкиот фустан е вистинско освежување за Ирина Шајк и совршено одговара за оваа или слична пригода. Го комбинира со сребрени сандали со ремчиња и ефектни метални белезици и прстени.
Интересно е што немаше лак за нокти докажувајќи уште еднаш дека го сака природниот изглед.
Покрај тоа, таа избра потемна шминка и соодветна фризура – нејзината „мокра“ коса даваше впечаток на опуштеност и го врамуваше нејзиното лице, а целата комбинација дополнително ја збогати со бела чанта преку рамото.
Со овој моден избор Ирина Шајк уште еднаш докажа дека едноставноста е, всушност, најубавиот украс.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По скандалозниот развод од актерот, поранешната сопруга на Кевин Костнер се омажи

Кристин Баумгартнер, поранешната сопруга на Кевин Костнер, минатиот викенд ја официјализира својата љубовна врска со милионерот и инвеститор Џошуа Конор. Церемонијата се одржа на приватен ранч во Санта Барбара, во срцето на Калифорнија, каде што невестата го поминала детството.
Една од гостите ексклузивно ги откри деталите од церемонијата за „Пипл“. Како што вели таа, атмосферата била семејна и исполнета со топлина.
„Атмосферата беше прекрасна, но она што навистина го одбележа денот беше интимноста. Не беше некоја голема продукција. Сè беше искрено, емотивно и целосно во нивниот дух. Секој се чувствуваше како да е сведок на нешто многу вредно. А за време на самата церемонија? Немаше такви што не заплака“, додаде изворот.
View this post on Instagram
Споменатото списание направи и ексклузивни фотографии од свадбата, па имавме можност да го видиме изданието на невестата.
Кристин за церемонијата носеше прекрасна, уникатна венчаница од израелската дизајнерка по име Мира Цвилингер. Беше украсена со рачно везени цвеќиња и деколте во форма на срце.
Својот стил го комплетира со брановидна коса, што се спушташе по грбот, а кога стануваше збор за шминката, се одлучи за нежни нијанси на кафеава боја, што ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.
Венчавката се случува помалку од две години откога Кристин го финализира разводот од Кевин Костнер, со кого има три деца. Тие беа во брак 18 години.
Џош исто така има три деца од претходен брак.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Рита Ора секој ден покажува дека за неа нема граници кога станува збор за провокација

Пејачката Рита Ора блесна на забавата по гала-вечерата на Academy Museum одржана во Лос Анџелес, а овој пат го направи тоа на свој начин.
Иако не и е непознато разголувањето, нешто слично направи неколку дена претходно кога ги почести своите обожаватели со топлес-фотографија, а овој пат ги шокира уште повеќе.
Rita Ora lets her lace lingerie play peekaboo in sheer white dress https://t.co/YL0fZS3blh pic.twitter.com/L3xOXMcsTP
— Page Six (@PageSix) October 20, 2025
Рита се појави во целосно проѕирен бел фустан под кој едвај ѝ се гледаше долната облека. Својот моден изглед, кој личеше на завеса, го комплетира со зелен шал и бели сандали, а нејзиниот сопруг беше во елегантен костум и цело време ѝ правеше друштво на пејачката.
Сексапилната пејачка неодамна покажа серија заводливи модни изгледи на Неделата на модата во Париз, каде што од првите редови гледаше неколку ревии.
Сите се согласни дека провокативните избори на облека ѝ стојат подобро од сè друго и се чини дека никогаш нема да се откаже од тоа.
фото: принтскрин