Забава
Драмата за лажната наследничка има највисок рејтинг на „Нетфликс“
Inventing Аnna („Измислување на Ана“) бележи најмногу часови гледање серија на англиски јазик во една недела откако стриминг-платформата започна нов систем на оценување минатото лето.
Во серијата од девет дела, Џулија Гарнер ја глуми лажната наследничка Ана Сорокин.
Серијата била гледана 196 милиони часа минатата недела, што е плус 77 милиони часови гледање првиот викенд кога започна да се емитува (11 февруари).
Претходниот највисок број часови на гледање имаше психолошкиот трилер серија You , чија трета сезона оствари 179 милиони часови во октомври. Следни на листата серии на англиски јазик со најголем број часови гледаност се The Witcher, Maid и Sex Education.
Сепак, Squid Game, драма на корејски јазик, останува најгледана серија на „Нетфликс“ во целина, задржувајќи се на врвот со речиси 572 милиони часови во една недела. Друга јужнокорејска серија All of Us are Dead и шпанската крими драма Money Heist биле гледани 236 милиони и 202 милиони часови во една недела.

„Измислување на Ана“ се заснова на истражувачка сторија на њујоршко списание (The New York Magazine) за Сорокин, која, претставувајќи се како Ана Делви, ги убедувала луѓето дека е богата наследничка од Германија.
Всушност, се утврди дека таа измамила пријатели, хотели и банки за неверојатни суми пари. Во 2019 година, била осудена по повеќе обвиненија за измама.

Серијата ја следи упорната новинарка Вивијан Кент, која ја глуми Ана Чламски, во нејзините очајнички обиди да ја открие вистината.
Приказната почудна од фикција е адаптирана од продуцентката/сценарист Шонда Рајмс и нејзината компанија „Шондаленд“, креатори на хит-сериите „Бриџертон“ и „Вовед во анатомија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

