Забава
Држат до својот збор: хороскопски знаци што секогаш ги исполнуваат ветувањата

Има луѓе на кои секогаш можете да се потпрете – ако ветат нешто, дефинитивно ќе го исполнат. Ваквите луѓе се особено познати по тоа што се држат до зборот и секогаш ги исполнуваат ветувањата. Според ѕвездите, таквите луѓе се родени под овие хороскопски знаци.
Бик
Кога Бикот ќе каже нешто, тоа е како да е врежано во камен. Овој знак е неверојатно упорен и сигурен, а неговата потреба за стабилност и доследност значи дека не дава лесно ветувања. Без разлика дали се работи за состанок со кафе, помош при преселба или нешто многу поголемо, Бикот е личност на која можете да се потпрете. Тие си го одржуваат зборот затоа што им е важно да бидат сфатени како чесни и доследни – едноставно не знаат на друг начин.
Јарец
Ако постои знак кој сериозно ги сфаќа ветувањата, тоа е Јарецот. Овој знак не дава лесно ветувања, но кога ќе вети нешто, можете да бидете сигурни дека ќе го исполни, дури и ако целиот свет престане. Јарците се познати по својата одговорност, дисциплина и чувство за должност – за нив држењето до зборот е прашање на чест. Тие се држат до обврските со истата истрајност со која се искачуваат кон своите цели, па ако Јарецот ви вети нешто, можете да спиете мирно.
Девица
Девиците се познати по нивната прецизност и аналитички вештини, па не е ни чудо што тие се меѓу најсигурните знаци во Зодијакот. Кога Девицата ќе вети нешто, таа веќе однапред испланирала како ќе го исполни – до последен детаљ. Без разлика дали се работи за мали секојдневни задачи или важни договори, Девицата ќе се погрижи се да биде во совршен ред. Не сака да ги разочарува другите, а нејзината педантна природа значи дека секогаш ќе биде чекор понапред за да исполни се што ќе вети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.