Забава
Дуа Липа ужива во својот одмор, сподели фотографии во бикини на „Инстаграм“

Светската поп-ѕвезда Дуа Липа (29) моментно ужива на одмор во Австралија по серијата концерти, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии во бикини.
На фотографиите таа носеше шарен костим за капење, а заедно со објавата испрати и бакнежи до своите обожаватели.
View this post on Instagram
„Бакнежи од Сиднеј во моето омилено бикини“, напиша таа покрај објавата.
Објавените фотографии ги воодушевија обожавателите, кои ѝ дадоа многу комплименти. „Доаѓам, чекај ме на плажа“, „Убава си“, „Те обожавам“, „Колку си жешка“, „И јас ти праќам бакнежи“, „Само ќе речам – леле“, „Нашата кралица“, „Таа, едноставно, е совршена“, „Боже, омажи се за мене“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Турски заводници кои имаат потекло од регионот, меѓу нив и актер поврзан со Македонија

Турските актери станаа синоним за харизма, мажественост и неодолива привлечност. Нивниот продорен поглед и необичната комбинација на страст и нежност ги освоија срцата на гледачите ширум светот.
Она што ги прави уште поинтересни за балканската публика е фактот што многу од нив потекнуваат од овие краеви. Нивната крв ги носи приказните на нивните предци, зачувувајќи ги спомените на старите земји, додека тие со својот талент го освојуваат современиот свет, пренесува „Она.рс“.
Во прилог четворица турски актери со потекло од БиХ, Косово, Македонија, нивните кариери, актуелни проекти и интересни факти од нивниот приватен живот.
Киванч Татлитуг – златното момче на турската кинематографија
Киванч Татлитуг, роден на 27 октомври 1983 година во Адана, важи за еден од најатрактивните турски актери. Неговата висока фигура, продорни сини очи и мажествен изглед го направија миленик на женските гледачи. Потекнува од семејство на босански доселеници, со што гордо се фали, истакнувајќи ги своите балкански корени.
Иако како тинејџер сонувал да стане професионален кошаркар, судбината го одвела во светот на модата и глумата. Благодарение на неговата убавина и шарм, тој брзо стана најбараниот модел во Турција. Неговата актерска кариера започна со улога во серијата „Гумуш“ (2005), но вистинската слава ја стекна како Бехљул во хит серијата „Забрането овошје“ (2008). Неговата способност да биде и романтичен и мистериозен во исто време го направи еден од најбараните актери во индустријата.
Татлитуг се истакна во многу проекти, вклучувајќи ги „Езел“ (2009), „Север-југ“ (2011) и „Судбина“ (2016). Неговата последна улога во филмот на Нетфликс „Последен повик за Истанбул“ уште еднаш ја докажа неговата актерска големина.
Меѓу најновите проекти се издвојува серијата „Ајле“.
Приватно, Киванч е во среќен брак со стилистката Башак Дизер од 2016 година.
Чагатај Улусој – модерниот принц на турската телевизија
Чагатај Улусој, роден на 23 септември 1990 година во Истанбул, е уште еден актер со балкански корени. Неговото семејство потекнува од Босна и Херцеговина, а неговата заводлива насмевка и лесен шарм оставија неизбришлива трага во турската кинематографија.
Неговиот пат до славата започна со титулата најдобар модел на Турција во 2010 година. Набргу потоа тој го имаше своето деби играјќи го богатиот и ранлив млад човек Емир, добивајќи огромна популарност. Потоа следуваа улогите во „Меџезир“ (2013-2015), турската верзија на серијата „Портокалова област“ и акциониот трилер „Ицерде“ (2016-2017), каде ја покажа својата актерска сестраност.
Чагатај е и првиот турски актер кој стана дел од продукција на Нетфликс, глумејќи во серијата „Заштитникот“ (2018-2020), со што ја зацврсти својата меѓународна слава. Неговите најнови серии на Нетфликс „Терзи“ (2023) и „Вистински господин“ (2024) му донесоа нова армија од женски обожаватели.
Кога станува збор за љубовниот живот, Чагатај со години беше во врска со Дујгу Сарисин, позната турска актерка. Нивната врска долго време ги заинтригира медиумите, но на крајот на 2022 година решија да стават точка. Моментално се шпекулира дека е во врска со мистериозна дама од уметничките кругови, но актерот приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста.
Фуркан Андиќ – шармантен заводник
Роден на 4 април 1990 година во Истанбул, Фуркан Андиќ е актер кој во себе носи спој на турско и балканско наследство. Неговата мајка е од Босна и тој дел од неговите корени го гледа како значаен дел од неговиот идентитет.
Со висина од 190 см, изразена вилица и насмевка која плени на прв поглед, Фуркан е еден од омилените турски актери од помладата генерација. Актерската кариера ја започна во серијата „Колеј Гунлугу“ (2011). Неговата способност да игра неодоливи романтични херои му го донесе прекарот „Шармантен турски принц“.
Публиката го обожава не само поради неговиот талент, туку и затоа што важи за еден од најпристапните и најдуховитите актери во индустријата. За неговиот приватен живот, познато е дека бил во врска со колешката Дилан Чичек Дениз, но раскинале во 2018 година.
Џан Јаман – оган, страст и нескротлива харизма
Џан Јаман, роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, поседува необична комбинација на сурова мажественост и заводлив поглед. Неговите корени водат кон Балканот – неговиот дедо е од Косово, а неговата баба е од Македонија.
Во јуни 2024 година, Јаман ја шокираше јавноста со бришење на неговиот Инстаграм профил и сите објави на платформата Х (поранешен Твитер). Причината за овој потег беа медиумскиот притисок, критиките и неговото преселување во Италија, што создаде токсична атмосфера што го доведе до оваа одлука. Тој потоа изјави: „Не ги користам социјалните мрежи во моја корист; дојдов овде да работам, а не како турист“.
По враќањето на Инстаграм, Јаман сподели повеќе од десет објави во рок од три дена, повторно поврзувајќи се со своите следбеници и создавајќи огромно исчекување за неговите нови проекти. Неговата фотографија со Ед Вествик, направена за време на претставувањето на серијата „Сандокан“ во Лондон, стана вирална и предизвика лавина коментари и шпекулации за нивниот професионален и личен однос.
На љубовен план, се чини дека не е зафатен.
Турскиот актер еднаш ја запроси својата колешка Дилета Леота по краток период на врска. Сепак, Дилета Леота и Џан Јаман се разделија и нивната свршувачка беше прекината.
Забава
Раперот познат по хитот со Бибер прогласен за виновен за измама од милион долари

Американскиот рапер Шон Кингстон, кој го сними хитот „Ени Мени“ со Џастин Бибер и неговата мајка Џенис Тарнер, беа прогласени за виновни пред федералниот суд за измама вредна милиони долари.
Од октомври 2023 година, тие измамиле продавница за накит, компанија која продава луксузни кревети, продавница за половни луксузни автомобили и продавница за микро ЛЕД ТВ. Ним им се заканува затворска казна до 20 години.
ТМЗ објави дека Кингстон плачел по изрекувањето на пресудата. Тој ги молел властите да ја заштитат неговата мајка.
Тој ќе биде во домашен притвор до 11 јули кога ќе биде изречена пресудата. Таа останува во притвор бидејќи судијата смета дека има шанси да избега.
Кингстон беше уапсен минатиот мај во Форт Ирвин, воена база за обука во пустината Мохаве во Калифорнија.
Тарнер беше уапсена истиот ден откако тим на „СВАТ“ изврши рација во замокот што таа го изнајмуваше во градот Југозападен Ранчес.
Забава
На свадба во Венеција – како ќе изгледа венчавката на еден од најбогатите луѓе во светот

Градското собрание на Венеција ги осуди лажните извештаи за претстојната венчавка на американскиот милијардер Џеф Безос со Лорен Санчез. Тврдат дека прославата ќе биде од разумни размери и ќе присуствуваат само 200 гости.
Основачот на „Амазон“ и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, треба да се венчаат во Венеција на крајот на јуни оваа година. Еден од италијанските медиуми неодамна официјализираше дека свадбата на Безос ќе трае три дена и дека на прославите ќе присуствуваат по 250 гости секој ден, меѓу кои и Доналд Трамп.
Наведено е и дека Безос веќе резервирал пет хотели и голем број водени такси, како и место за својата мега јахта. Сепак, соопштението на градското собрание на Венеција ги осудува „лажните вести“ и ги негира информациите дека Безос планира да приватизира делови од градот.
„Бројните гласини и лажни вести кои кружат за свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани. Беа поканети само 200 гости, што ѝ олеснува на Венеција да биде домаќин на ваков настан без тоа да биде непријатност за градот, неговите жители и другите посетители“, изјавија тие.
Општината посочи дека во Венеција редовно се одржуваат многу позначајни меѓународни настани од оваа. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро ја поддржа одлуката Безос и Санчез да се венчаат во овој град, нагласувајќи дека економските придобивки од венчавката може да се избројат во милиони долари.