Забава
„Д фестивал“ закажан за август
Десеттото издание на „Д фестивал“ оваа година ќе се одржи 49 дена подоцна од закажаните датуми, односно од 21 до 23 август.
„Оваа година ни почна со амбициозна подготовка на фестивалот, која резултираше со рекордна продажба и најголем интерес досега. Во текот на изминатите месеци напорно работевме да го подготвиме и адаптираме ‘Д фестивал’ на препораките за борба со Ковид-19. Бидејќи бројките на заболени во моментов не се на добра патека, решивме да го одложиме ‘Д фестивал’ 49 дена подоцна од закажаните датуми – од 21 до 23 август 2020 година, на локација Градски парк – Дојран, во омилениот ‘Д камп’. Во соработка и координација со нашите пријатели од Србија, ќе се одржи една недела по ‘Егзит’“, велат организаторите.
Со задржување на набавениот билет, посетителите за возврат добиваат можност со истиот да присуствуваат на двете изданија на ‘Д фестивал’ – во 2020 и во 2021. Доколку не сте во можност да присуствувате на овогодишното издание, билетот може да го задржите за 2021 година, а наскоро ќе бидат на располагање и различни решенија за поврат на средствата. Сите детали околу новите датуми и програма за „Д фестивал“ ќе бидат објавени наскоро.
„Здравјето и безбедноста за нас секогаш биле на прво место и сакајќи да придонесеме за наоѓање решение на моменталната кризна ситуација, заедно со колегите од другите продукции, се соединивме во новото здружение на културни промотери. Според насоките од Светската здравствена организација, кои предложија враќање на фестивалите во светски рамки, изработивме и детален предлог-протокол, поттикнат од позитивното искуство на соседните и европските земји кој го доставуваме до надлежните институции. Ние, како и вие, сè уште се надеваме на официјални решенија и дозволи за одржување културни настани. Со ова известување апелираме до надлежните институции дека е време да ги препознаат огромното влијание и позитивната улога кои ги имаат настаните од културен карактер за нашето општество“, велат организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

