Забава
Ева Херцигова, икона на модата од 90-тите
Ева Херцигова беше една од ѕвездите кои чекореа на најпрестижните модни писти во 90-тите години, заедно со Наоми Кембел, Клаудија Шифер и други топ модели.
Што се случува сега со чешката манекенка и со што се занимава откако доминираше на насловните страници на светските списанија од 90-тите.
Некои таблоиди се осврнаа на нејзините достигнувања и на кариерата што започна во Чешка, потоа продолжи во Франција, Италија и САД, и споделија фотографија како изгледа денес.

Родена е на 10 март 1973 година во Литвинов, град во Чешка. Уште од мала покажала голем интерес за светот на манекенството.
Нејзиниот прв успех ја поттикна да се пресели во Париз и да се обиде да го оствари својот сон: да стане меѓународен супермодел.
Во 1989 година тинејџерката Ева победи на натпревар за убавина во Прага. Овој прв успех ја поттикна да се пресели во Париз и да се обиде да го оствари сонот. Откако се пресели во француската престолнина, успехот дојде прилично брзо.

Таа веднаш стана едно од најфотографираните лица и ги красеше насловните страници на меѓународните модни списанија како „Вог“, „Ел“, „Гламур“ и „Мари Клер“.
Отскочна штица во нејзината манекенска кариера несомнено беше рекламната кампања „Мис Вондербра“ од 1994 година. Според некои британски анкети, оваа реклама била меѓу најкултните на сите времиња.

Херцигова стана позната во Италија и почна да се појавува во ТВ-емисии и филмови таму. Во 1998 година, таа го претстави музичкиот фестивал „Санремо“, еден од најголемите телевизиски настани во земјата.
Ева Херцигова се појави на познати календари како оној на италијанската компанија за гуми „Пирели“.

Неколку години подоцна, во 2004 година, таа позираше за „Плејбој“.
Што се однесува до нејзиниот приватен живот, во 1996 година, токму во нејзините најуспешни години се омажи за тапанарот на Бон Џови, Тико Торес. Двојката остана заедно три години, а се разведоа во 1999 година.
Таа го запознала италијанскиот претприемач Грегорио Марсијај во 2003 година, и конечно се венчаа во 2017 година.

Грегорио Марсијај е татко на трите деца на Ева Херцигова: Џорџ, роден во 2007 година, Филип, роден во 2011 година и Едвард, роден во 2013 година.
Ева Херцигова моментално живее во италијанскиот град Торино со своето прекрасно и големо семејство. Иако семејниот живот можеби ја натера да работи помалку, Ева сè уште е модел со силно присуство во модните списанија, на модните писти и во рекламните кампањи.
Херцигова, остана секогаш на пистата. Супермоделот продолжи да чекори по модните писти. Всушност, таа никогаш не го напушти светот на модата.
Во јули годинава, Ева се појави на ревијата на висока мода на „Скиапарели“ есен/зима 2022-2023.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

