Забава
Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика
Холандската влада ќе дозволи 3.500 фанови да присуствуваат на изборот на песна на Евровизија.
Годишната музичка екстраваганција ќе се одржи во ротердамската арена „Ахој“ во мај по откажуавњето минатата година.
Според планот, местото ќе било полуполно и на фановите ќе им треба негативен тест на Ковид-19 пред да им биде дозволен влез.
Организаторите на Евровизија ја поздравија одлукатана холандската влада и рекоа дека „ќе ги разгледаат опциите што се сега достапни“.
„Ќе објавиме повеќе детали во следните недели за тоа како можеме безбедно да ја примиме публиката во ‘Ахој’ во Ротердам доколку ситуацијата дозволи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка
Џејми Фокс (57) раскина со својата девојка Елис Хакстеп (31), пренесува „Пипл“. Веста ја потврдија повеќе извори блиски до поранешната двојка, а причината за раскинувањето се уште не е позната.
Не се знаеше многу за нивната врска. Тие првпат беа поврзани во 2022 година, кога беа видени како разменуваат нежности на јахта во Кан. Нејзиниот идентитет, сепак, тогаш не беше познат.
Пет месеци откако Фокс заврши во болница, во септември 2023 година, „Пејџ Сикс“ доби фотографии на кои се гледа парот како се држи за раце во одморалиштето Кабо Сан Лукас.
Биле видени и како се бакнуваат на улиците на Лос Анџелес, како и на вечера во ресторан. Последен пат заедно беа фотографирани во октомври 2024 година на одмор во Мексико. Фокс претходно беше во врска со Кејти Холмс, со која раскина во 2019 година, по шест години.
Забава
Секогаш совршено стилизирана: кралицата Летиција во парче што веднаш ќе го побарате
Кралската двојка редовно привлекува внимание со својот моден избор, а убавата кралица ниту овој пат не разочара со комбинација за деловна можност.
Кралицата Летиција е совршено облечена за секоја пригода и од ден на ден сугерира дека едноставниот, ненаметлив, удобен, а сепак модерен, е најдобриот стајлинг во кој ќе се чувствувате самоуверено и ќе привлечете внимание, а дека кичот и претерувањето во модата не се секогаш добра идеја.
Во последните месеци бевме сведоци на можеби најдобрите модни изрази на кралицата Летиција, без разлика дали се работи за деловна или лежерна верзија. За една деловна пригода во Мадрид таа избра црно-розова комбинација, која ги спои модерното и традиционалното.
И за оваа пригода кралицата одлично го координира својот изглед со тој на кралот Филип.
Црните панталони и црната кошула ги освежила со пастелно розов блејзер, кој можете да го најдете во популарните „хај-стрит“ продавници, а овој модел одлично ја истакна нејзината вита фигура.
Кралицата секогаш избира удобни чевли, а овој пат не носеше рамни, туку црни со потпетици – чевли што секоја дама треба да ги има во својот гардеробер.
Таа го заокружи елегантно-лежерниот изглед со природна шминка, која го истакнува нејзиното убаво лице, а нејзината пуштена, малку свиткана коса, одлично се вклопи во оваа модна приказна.
Забава
Реакции на ѕвездите номинирани за „Оскар“: „Не можам да престанам да плачам“
Академијата за филмски уметности и науки вчера ги објави номинациите за овогодинешните Оскари.
Дел од ѕвездите излегоа во јавноста со изјава по номинациите. Аријана Гранде, која беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „Злобница“, објави емотивна објава на Инстаграм.
„Не можам да престанам да плачам, што не е изненадување. Понизна сум и длабоко почестена што сум во толку брилијантно друштво“, рече таа, потсетувајќи се на своето детство кога ја гледаше Џуди Гарланд како пее Somewhere Over the Rainbow. Таа рече дека е горда на себе и се заблагодари на Академијата за признанието.
View this post on Instagram
Таа му се заблагодари и на режисерот Џон Чу што ѝ ја доделил улогата.
„Ти си неверојатен лидер, човек и пријател. Јас сум горда на моето прекрасно зло семејство“, додаде.
Зои Салдања е номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот Емилија Перез.
View this post on Instagram
„Мислам дека не можам да ја изразам доволно благодарноста и радоста што ги чувствувам за признанието што го доби Емилија Перез. Да се биде дел од прекрасното семејство што го создаде Жак беше сон“, рече Зои.
Деми Мур кусо се заблагодари на Академијата за номинацијата за најдобра женска улога и му додели признание на режисерот на „Супстанција“.
View this post on Instagram
Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот Емилија Перез, влезе во историјата на филмската индустрија како првата трансродова актерка номинирана за Оскар. Таа беше кратка и се заблагодари на Академијата.