Забава
Ед Ширан мора да се соочи со тврдењето за плагијат, вели судијата
Американски судија во вторникот (30 март) го отфрли обидот на британскиот кантавтор Ед Ширан да отфрли една од трите тужби што го обвинуваат за плагирање на неговиот мегахит од 2014 година, Thinking Out Loud, од класикот на Марвин Геј од 1973 година – Let’s Get It On.
Американскиот окружен судија Рони Абрамс од Менхетн рече дека Structured Asset Sales LLC, која е сопственик на една третина од имотот на коавторот на Let’s Get It On, Ед Таунсенд, може да ги тужи Ширан, „Сони мјузик паблишинг“ и други обвинети поради регистрација на авторски права во април 2020 година за студиско снимање на песната.
Таа регистрација „му дозволува на судот разумно да заклучи дека тужителот има сопственост над авторските права од 2020 година“ и може да спроведе тужба за повреда на авторско право, напиша судијата Абрамс.
Абрамс, сепак, го стави случајот во мирување наведувајќи значајно поклопување со посебна тужба на тужителот против Ширан во врска со авторско право од 1973 година, која се темели на нотен запис за песната на Марвин Геј, поднесена како депозитна копија до Канцеларијата за авторски права на САД.
Structured Asset Sales, сопственост на инвестицискиот банкар Дејвид Пулман, бара отштета од 100 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“
Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.
Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.
Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

