Забава
„Ежот Соник“ на врвот на светскaта киноблагајна
Премиерното прикажување на Sonic the Hedgehog во киносалите во Америка и во светот ги собори рекордите на киноблагајната за игран филм адаптиран по видеоигра дебитирајќи со 100 милиони долари заработени во првиот викенд.
Sonic the Hedgehog („Ежот Соник“) ги претрка Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn („Птици грабливци и фанатастичното ослободување на една Харли Квин“, со што го презема водството на светската ранг-листа за киноблагајни, според најновите податоци на „Комскор“ (Comscore).
„Ежот Соник“ е филмувана верзија на познат цртан лик – хибрид со анимирани ликови и реални актери.


Според бројките објавени од страна на „Комскор“ во неделата, 16 февруари, филмот заработил 100 милиони долари во светот вклучувајќи и 57 милиони долари во Северна Америка. Ова е најдоброто премиерно прикажување на сите времиња на филм инспириран од видеоигра.
„Парамаунт“ ужива во неочекуваниот успех. Иако првичните реакции на публиката не беа позитивни и повеќето го критикуваа дизајнот на синиот лик по појавувањето на првиот трејлер, сепак одличниот почеток покажа дека промените направени од екипата на филмот се исплатеа.

Кралицата на светската киноблагајна минатата недела, Маргот Роби, не е повеќе на тронот. Австралиската актерка, која игра во „Птици грабливки“, сега е на второ место на светската ранг-листа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos
Забава
Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии
Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.
Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.
Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.
Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.

