Контакт

Забава

„Еманципација“, прв филм на Вил Смит по оскаровската шлаканица, излегува во декември

Објавено пред

Првиот филм на Вил Смит по шлаканицата на Крис Рок на доделувањето „Оскари“, ќе дебитира во кината во декември, потег што го прави филмот прифатлив за златната статуетка в година.

dobivaj vesti na viber

Дистрибутерот „Епл инк“ го најави во понеделникот, а истиот ден беше објавен и трејлер за претстојниот филм.

Историскиот трилер со наслов „Еманципација“ е приказна за човек што бега од ропство. Филмот е снимен пред Смит да го нападне Рок на сцената минатиот февруари, но датумот на неговото објавување беше неизвесен.

На Смит му е забрането да присуствува на церемонијата на доделување „Оскари“ следните 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да победи.

Актерот јавно му се извини на Рок, на Филмската академија и на јавноста за тоа што му удри шлаканица на комичарот поради шегата за изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. Неполн час подоцна, Смит ја доби статуетката за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“, каде што го портретира таткото на тениските легенди Венера и Серена Вилијамс.

„Еманципација“ ќе се прикажува исклучиво во киносалите една недела почнувајќи од 2 декември, а ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл ТВ-плус“ на 9 декември, соопшти „Епл“.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Рамен стомак за 7 дена: едноставна вежба која дава брзи резултати

Објавено пред

Летото се ближи, а многу дами почнуваат да паничат дали до почетокот на летото ќе имаат време да ја „дотераар“ фигурата и да се ослободат од вишокот килограми што ги добиле во текот на зимата. Ако секој ден се трудиме да правиме нешто во врска со ова, тогаш сигурно имаме на што да се надеваме, а за да се ослободите од вишокот килограми во пределот на стомакот, треба да ја практикувате оваа вежба.

dobivaj vesti na viber

Сè што треба да направите е да ги ставите рацете на ѕидот додека стоите во малку зачекорен став. Прво, повлечете ја едната нога кон градите, а потоа направете го истото со другата нога. Повторувајте ја оваа вежба секој ден во следните седум дена, постепено зголемувајќи ги минутите на вежбање како што одминуваат деновите. Првиот ден нека биде пет минути, а седмиот ден нека биде 15 минути вежбање на оваа вежба.

Неопходно е и прилагодување на исхраната, па затоа се препорачува да го пиете и овој напиток кој ќе ви помогне многу брзо да се ослободите од вишокот на стомакот.

Што ви треба?
половина краставица
мало парче ѓумбир
1 чаша ананас
половина лимон
400 мл вода

Измешајте ги сите состојки и изблендирајте. Овој вид на пијалок ќе ви помогне побрзо и полесно да се ослободите од вишокот килограми околу стомакот. Најдобро е да го пиете наутро на празен стомак, но доколку немате време, пијте го во секое време во текот на денот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Алек Болдвин му се закануваше на комичар на улица: Да немаше камера, ќе ти го скршев вратот

Објавено пред

Актерот Алек Болдвин доживеа прилично непријатна ситуација кога комичар го исмејуваше пред неговата куќа поради трагедијата на сетот на филмот Rust, во која беше убиена снимателка. Во една напната средба, Болдвин се закани дека ќе го скрши вратот.

dobivaj vesti na viber

Џејсон Скуп, кој го имитираше Доналд Трамп во видео споделено на социјалните мрежи, почна да го провоцира актерот додека го истоваруваше багажот од автомобилот пред неговиот дом во Њујорк. „Алек, тоа е твојот омилен претседател!“, извика Скуп, алудирајќи на познатото имитирање на Трамп на Болдвин во Saturday Night Live.

Потоа продолжи во обидот да го имитира гласот на Трамп: „Ете, Алек, ќе ти понудам целосно помилување затоа што сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување за убиството на таа жена – ако го бакнеш прстенот“.

Скуп потоа држеше голем прстен и постојано бараше од Болдвин да го бакне. „Ако не сакате помилување затоа што ладнокрвно ја убивте таа жена – можете да го наречете убиство од прв степен, можете да го наречете како сакате, но тоа не беше добро. Таа сега ме гледа од горе, насмеана, среќна и вели: Благодарам што се соочивте со човекот што ме уби“, продолжи тој, зборувајќи во стилот на Трамп.

Болдвин молчеше поголемиот дел од времето, но на крајот престана со она што го правеше, отиде до Скуп и му кажа. „Погледни ме. Сакам да ме погледнеш. Имаш камера на мене овде? Дали сфаќаш дека моите деца живеат во оваа зграда? Сакам да знаеш нешто. Сакам да бидеш многу внимателен. Да не беше оваа камера тука, би го скршил твојот врат на половина. Го знаеш ли тоа, нели?“, рече Болдвин, видно лут.

Прикажи повеќе...

Забава

Сопругата на Горан Иванишевиќ го покажа своето совршено тело

Објавено пред

Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ отпатува на Малдиви со сопругата Нивес и синот Оливер.

dobivaj vesti na viber

Нивес е доста активна на социјалните мрежи, а нејзините фотографии од плажа се секогаш главна тема.

А овој пат убавата водителка објави фотографија во која позира во провокативно сино бикини, додека Горан плива во плиткото зад неа.

Нивес и Горан се во среќен брак од 2017 година, кога се венчаа на интимна церемонија во Загреб.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата...

Европа1 час

(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително...

Свет2 часа

Трамп и Зеленски се договорија, ќе потпишат в петок

Украина постигна договор со САД за експлоатација на нејзините клучни минерални ресурси, потврди извор од украинската влада за „Скај њуз“....

Регион13 часа

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема...

Македонија14 часа

Владата усвои предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините...

Македонија17 часа

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите

Маркетите отсега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите, со најновите измени на Законот за заштита на...

Македонија19 часа

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...

Македонија19 часа

Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај и љубоморат на сопствената држава, реагира...

Свет19 часа

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимитетот на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла...

Македонија20 часа

Меџити за обвинувањата: СДСМ и ДУИ се синхронизирани, не може административна работа да се прикаже како голем скандал

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем...

Македонија22 часа

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ф. во својство на сопственик и...

Македонија23 часа

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Македонија24 часа

„Каде завршија 1,2 милион евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се...

Европа1 ден

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога во целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет1 ден

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, сè падна врз работниците за секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион1 ден

Србија гласаше за европската резолуција за Украина; Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет1 ден

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет1 ден

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија2 дена

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија2 дена

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...