Забава
Емили Ратајковски и официјално се разведе од 10 години постариот актер
По речиси три години од почетокот на разводот, манекенката Емили Ратајковски (34) и актерот Себастијан Бер-Меклард (44) сега се официјално разведени, открива „Дејли мејл“.
Според судските документи, одлуката за развод е донесена на 22 јули во Врховниот суд на Њујорк, со што Емили и Себастијан се законски разведени. Истиот ден е поднесена наредба во врска со здравственото осигурување на нивниот син, но бидејќи евиденцијата за развод во таа држава е затворена за јавноста, деталите се непознати.
Разводот бил финализиран кон крајот на минатата година кога адвокатот на познатиот модел ги поднел сите потребни документи – вклучувајќи предлог-пресуда и договор за старателство. Сепак, судот потоа ја вратил пресудата на ревизија.
Емили поднесе барање за развод во септември 2022 година, четири години по венчавката. Тие се разделија неколку месеци претходно, во јули, а разделбата наводно била предизвикана од неверството на Себастијан.
Двојката има син, Силвестер Аполо Бер, кој е роден во март 2021 година. Момчето живее со Емили, но го гледа својот татко неколкупати неделно.
Во интервју за поткастот Going Mental, Емили призна дека долго време се двоумела дали да го прекине бракот.
„Долго време немав храброст да си заминам. Бев многу несреќна“, искрено рече таа. „И физички го чувствував стресот – имав 45 килограми веднаш по породувањето. Не се чувствував добро“.
Таа исто така зборуваше за тоа како се обидела да најде помош – пиела антидепресиви, но чувствувала дека проблемот не е во неа. „На крајот, научив дека треба да ги слушам сопствените инстинкти“, додаде таа.
Во интервју за „Вог Австралија“ минатиот ноември Ратајковски откри дека размислува да напише книга за разводот надевајќи се дека ќе ги сруши општествените стереотипи.
„Неверојатно е што нема повеќе книги за неуспешните први бракови. Се пишува многу за разводите кога децата се возрасни, но речиси ништо за жените што се разведуваат во своите 30-ти години“, рече таа.
Таа додаде дека сè повеќе жени избираат да се разведат денес затоа што повеќе не се економски зависни од своите партнери.
„Светот се промени. Многу жени заработуваат исто толку или повеќе од своите партнери, а истовремено го преземаат поголемиот дел од емоционалната и од физичката работа дома“.
За разлика од Емили, Себастијан целосно се повлече од јавноста, особено откога две тинејџерки изнесоа сериозни обвинувања – тие тврдат дека тој ги злоупотребувал и сексуално ги експлоатирал преку „Инстаграм“.
Емили, од друга страна, ужива во новата фаза од својот живот. По разводот, таа беше поврзувана со низа познати мажи – од комичарот Ерик Андре, преку пејачот Хари Стајлс, со кого беше видена како се бакнува на улиците на Токио во март 2023 година, до диџејот Орази Рисп, францускиот актер Стефан Бак и музичарот Шабузи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

