Забава
Емина Јаховиќ го запали интернетот со фотографии од плажа: пејачката покажа завидна фигура во бикини
Пејачката Емина Јаховиќ со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од плажа.
Имено, таа позираше на лежалка, како и со куче во рацете и ја покажа својата извајана фигура во костим за капење.
Емина доби бројни комплименти за својот изглед, а многумина и кажаа дека е „една од најубавите жени што ги виделе“.
„Моето тивко страдање“, „Убава“, „Презгодна“, „Изгледаш божествено“, „Љубов“, се само дел од коментарите под нејзината објава.
Во една од објавите пејачката ја покажа и својата тетоважа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.
Забава
(Видео) Џулија Фокс предизвика лавина критики со морбиден костим инспириран од убиството на Кенеди
Aктерикаа Џулија Фокс успеа повторно да ја шокира јавноста, овој пат со својот избор на костим за Ноќта на вештерките. На забавата на нејзиниот пријател Хулио Торес во Њујорк, 35-годишната Фокс се појави облечена како поранешната прва дама Џеки Кенеди, во реплика на познатиот розов костим извалкан со крв од денот кога Џон Ф. Кенеди беше убиен во 1963 година.
Оригиналниот костим на Џеки Кенеди, кој го носеше во времето на убиството на нејзиниот сопруг, никогаш не е исчистен и се чува во Националниот архив на Соединетите Американски Држави од 1964 година, што му дава на овој чин на актерката дополнителен морбиден шмек.
@people #JuliaFox dressed as blood-soaked #JackieKennedy on the day of her husband President #JFK ♬ [News] Neutral news(1413858) – poco poco music
Откако списанието „Пипл“ објави видео од Џулија Фокс од црвениот тепих на социјалните мрежи, следеше лавина од негативни коментари од шокираната јавност. „Без здив сум. Толку несоодветно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Тоа е најодвратното нешто што некогаш сум го видел“.
Зборуваше и актерката Ивет Никол Браун. „Одвратно на ниво што мојот ум не може ни да го сфати. Ми паѓа на ум цитатот „некои луѓе толку многу сакаат да остават трага што не им е гајле дали е дамка“. Толку очајната желба за слава само продолжува да гарантира дека ќе бидете мразени засекогаш“, рече таа.
Џулија Фокс, патем, е позната по своите провокативни и честопати бизарни модни избори кои редовно привлекуваат медиумско внимание.

