Забава
Ештон Качер сведочеше против убиецот на поранешната девојка, беа најдени негови отпечатоци
Во средата, 29 мај, Ештон Качер (41) сведочеше на судењето на Мајкл Томас Гаргил (43) обвинет за убиство на поранешната девојка на актерот – студентката и стриптизета Ешли Елерин. Таа вечер, 21 февруари 2001 година, актерот дошол до куќата на 22-годишната Ешли, која сакал да ја одведе на забава по доделувањето на Греми наградите. Но таа не му отворила, ниту му се јавувала на телефонски повици, па актерот мислел дека е лута на него, пишува „Пипл“.
Тој од прозорец видел црвена дамка на килимот и помислил дека тоа е црвено вино, бидејќи неколку дена пред тоа имале домашна забава, така што не се загрижил. Утрото по фатална вечер, телото на Ешли беше откриено од нејзиниот цимер.

Полицијата пронајде примерок од ДНК во 2008 година, кој се поврзува со Михаел Гаргил, сервисер на клима-уреди кој набргу потоа убил уште една жена, а исто така го поврзуваат со убиството во 1993 година, каде што жртвата била избодена. Живеел близу секоја жртва.
Качер не беше осомничен за убиство, но мораше да сведочи на суд бидејќи неговите отпечатоци беа пронајдени на вратата. Кога дозна дека е убиена, Ештон отиде во полиција, загрижен, бидејќи ја фаќал рачката додека се обидувал да ја отвори вратата.
Тој сведочеше околу 40 минути во син костум со кошула и вратоврска. Во судот беше и таткото на Ешли.
Холивудскиот актер е еден од повеќе од сто сведоци кои сведочат на судењето на Мајкл, кој обвинителите го опишаа како сериски убиец кој убива од сексуални побуди. Обвинителите бараат смртна казна за Гаргил, кој себеси не се смета за виновен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.
Забава
(Видео) Како изгледа Тејлор Свифт без грам шминка: пејачката изненади со објава на интернет
Тејлор Свифт, која официјално е најбогатата музичарка во светот, ги изненади своите обожаватели со објави од студиото каде што моментално работи, а најголем „бум“ направи нејзиното целосно природно лице.
Нејзиниот сингл „Opalite“ неодамна успеа да се искачи на врвот на музичките листи и тоа е 14-ти сингл по ред на Тејлор Свифт што доживеа таков успех. Таа го прослави овој незаборавен момент, уште еден во нејзината кариера, покажувајќи дел од својот живот зад сцената додека го создаваше албумот преку објави.
Тејлор Свифт го овековечи својот голем успех објавувајќи клипови од снимањето на песната и видеото, а во видеото позираше во студиото без ни трошка шминка и со природни локни, додека наздравуваше со продуцентот.
Навикнати сме секогаш да ја гледаме со црвен кармин на усните, па затоа ова издание од светски познатата пејачка е вистинско изненадување за сите.
Тејлор Свифт има 280 милиони следбеници само на Инстаграм.

