Забава
Жена од Србија стана хит на интернет со својата реакција кога „пајак“ ѝ го зеде автомобилот
Ако некогаш „пајак“ ви го зел автомобилот, тогаш веројатно многу добро знаете колку стрес и нервоза тоа може да предизвика.
Ретко кој возач мирно ја прифаќа веста дека „пајакот“ му го зел автомобилот и згора на тоа се соочува со висока казна, но оваа жена од српскиот град Шабац направи нешто што ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Таа дојде по својот автомобил во сосема неочекувано издание.

Видеото од моментот кога опуштено доаѓа по својот автомобил во бањарка и со чаша вино во раката стана вирален хит.
Видеото беше проследено со позитивни коментари од корисниците. Таа доби многу комплименти за неверојатно симпатичната реакција: „Права госпоѓа“, „Ова се вика дама“, „Ова значи да се има стил“, „Вистинска дама“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Трајна забрана за приближување за сопругот на Дениз Ричардс по обвинувања за злоупотреба
Дениз Ричардс изјави дека се чувствува добро откако судот одобрил трајна забрана за приближување за нејзиниот отуѓен сопруг, со важност до 7 ноември 2030 година. Забраната опфаќа приближување на помалку од 90 метри до актерката и нејзиното работно место, како и целосна забрана за контакт.
Ричардс настанот го прокоментирала на „Браво Кон“, наведувајќи дека процесот е тежок и дека има силна поддршка. Таа оценила дека е многу застрашувачки да се минува низ развод во јавност и дека во реалити-програмите приватниот живот е целосно изложен.
Актерката во јули поднела барање за развод, обвинувајќи го својот сопруг Арон Фајперс за често и насилно злоупотребување. Фајперс ги негира обвинувањата и по судската одлука изјавил дека сакал пресудата да биде поинаква.
Во октомври, за време на сослушување за продолжување на привремената мерка, сведочела и неговата братучетка Кетлин Мекалистер, по што Фајперс бил уапсен во судницата. Минатиот месец против него биле подигнати обвиненија за нанесување телесни повреди на сопружник и за попречување на сведоци со сила или закана. Тој бил пуштен на слобода по уплата на кауција од 200.000 долари.
Фајперс, пак, возвратно ја обвинил Ричардс за неверство и вознемирување – обвинувања што актерката ги демантира. Постапката за развод сè уште трае.
Забава
Пијана баба ја возела внуката на мопед – полицијата во Белгија во неверување по признанието колку пијачки испила
Локалната полиција на округот Ривиеренланд на север од Белгија запрела вкупно 994 возачи, вклучувајќи и неименувана баба, за време на контролите на сообраќајот за алкохол и дрога.
Властите објавуваат дека жената ја возела на мопед својата 9-годишна внука и дека нивото на алкохол во крвта ѝ било утврдено на 1,49 промили.
Бабата признала дека испила четири чаши џин-кола, а полицијата ѝ ја одзела возачката дозвола на 15 дена, објави белгискиот јавен сервис „ВРТ“.
Фото: илустрација
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин

