Забава
Жена тврди: Крис Браун ме дрогира и ме силуваше на јахтата на Диди
Анонимна жена тврди дека пејачот Крис Браун ја силувал на јахтата на Диди во 2020 година за време на една од озлогласените забави на раперот.
Обвинението беше изнесено во емисијата „Крис Браун: Историја на насилството“ на Investigation Discovery. Темата на документарецот е наводното насилно однесување на Браун во текот на годините. Тие вклучуваат наводи за злоупотреба на партнерките, обвинувања за напад и сексуален напад, кои првпат се појавија во 2009 година кога тој призна дека ја нападнал сега поранешната девојка Ријана.
Инцидентот се случил во 2020 година во близина на Мајами. Неидентификуваната девојка тврди дека го забележала Браун веднаш штом се качила на јахтата велејќи дека почнале да зборуваат за нејзината танцувачка кариера поради што се преселила во Мајами од Лос Анџелес. Таа додава дека мислела оти Браун „може да ѝ помогне во кариерата со совети“. Тој ѝ дал пијалак.
Набргу, тврди таа, почнала да се чувствува поспано, а на крајот се нашла во спалната соба со Браун. „Се сеќавам дека лежев таму и се прашував: „Зошто не можам да станам? Следното нешто што знам дека беше над мене и не можев да се движам, велев ‘не’ и тогаш почувствував… следното нешто што го паметам е тој во мене“, рече таа во своето сведочење.
Нејзината адвокатка Ариел Мичел потврди за „Холивуд репортер“ дека таа повторно го застапува клиентот откога се повлекла од тужбата во 2022 година. Имено, таа година се појавиле СМС-пораки, кои девојката му ги праќала на Браун, иако таа негирала дека постојат.
Мичел вели дека СМС-пораките не фрлаат сомнеж врз наводите на анонимната жена против Браун.
„Стојам покрај неа и тогаш и сега. Тогаш не беше доведена во прашање вистинитоста на нејзините тврдења. Таа, едноставно, не ни ги достави сите потребни докази“, изјави адвокатот за американскиот таблоид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кралицата на темнината освојува, дали ова е нејзиното најдобро издание досега?
Лејди Гага ја освои наградата за најдобар поп албум на доделувањето на Греми наградите во 2026 година и е потценување да се каже дека ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
За оваа пригода, таа одлучи да носи фустан од францускиот бренд Matières Fécales, кој е украсен со интересен дезен.
Самата креација е изработена во готски стил – пердувестите детали што се протегаат по целата должина на фустанот многу потсетуваат на мотив на гавран, оставајќи впечаток на темна сензација кај набљудувачот.
Дополнително, високата јака беше забележлива, што му даде на целиот аутфит темна нота.
Треба да се напомене дека мотивите на смртта и минливоста се испреплетени во модниот израз на креаторот на креацијата, па затоа не е изненадувачки што Лејди Гага му го довери дизајнот на фустанот.
За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за неутрална шминка што само малку ги истакнуваше нејзините црти на лицето, а косата ја остави слободно да паѓа по рамената.
Всушност, таа беше вистинска кралица на темнината.
Забава
(Фото) Вака изгледа „одмазнички фустан“: едно конче спречува катастрофа
Дејв Грол и неговата сопруга, Џордин Блум, се појавија на црвениот тепих пред доделувањето на Греми наградите, со што ставија до знаење дека големиот скандал што ја одбележа нивната врска пред две години сега е официјално минато.
Кога музичарот јавно призна дека има дете со друга жена, неговата законска сопруга не се појави јавно со него, но сепак не се разведоа.
На церемонијата пред доделувањето на Греми наградите, двајцата блескаа како вистински среќен пар. Џордин за оваа пригода избра фустан во стилот на грчките божици, модел на едно рамо и смел шлиц на страната по целата должина. Еден конец го држи така да не открие апсолутно сè.
Заштитен знак на овој црвен тепих очигледно беа пунџите, па Џордин исто така имаше една, а провокативното модно издание го комплетираше со спектакуларен накит. Дејв позираше во целосно црна облека, панталони, ролка и јакна беа неговиот избор.
Нивната ќерка Вајолет (19), најстарата од нивните три ќерки, им се придружи пред фотографите, а таа избра црвена облека со истакнат струк за ова „излегување“.
Забава
(Видео) Шокантно издание ги одбележа Греми наградите: Голи гради, пирсинг, тетоважи и „завеса“
Овогодинешните Греми награди ја поделија јавноста. Додека некои коментираат за совршениот стајлинг, други со остро око наоѓаат модни грешки, а пејачката Чапел Роун лесно се пласираше на втората листа.
Нејзиното појавување на црвениот тепих предизвика лавина од реакции, и барем, повеќето луѓе го сметаат за бизарно, несоодветно, премногу едноставно…
Иако пристигна поради прекрасна пригода – беше номинирана во категоријата за плоча на годината, сè падна во втор план. Нејзината облека ја остави без зборови, а не можеме ни да ја наречеме креација.
Во транспарентен фустан од Mugler кој повеќе личи на завеса отколку на некоја скроена и внимателно осмислена креација и е прикачен на пирсинзите на нејзините брадавици, таа повеќе личеше на Бјанка Ценсори отколку што би очекувале нешто вакво од неа.
Нејзиниот грб е целосно откриен и покриен со привремени тетоважи кои одговараат на бојата на фустанот – па дури и на косата – а Ендру Далинг, кој го создаде изгледот, објасни за „Мари Клер“.
„Започнавме со архивски, целосно гол концепт. Кога тетоважите се појавија, сè доби средновековен изглед, но на реален начин. Сè уште е тоа фантазија и со неземски карактер, но е и приземјено. Имаше многу елементи – тетоважите, протетските брадавици, сите, но сакавме резултатот да биде кохезивен и да оддаде почит на фустанот и светот што го создадовме. Гламурот произлезе од тоа“, рече тој.
Реакциите се поделени
Додека некои го фалат екстравагантниот изглед и велат дека е „оправдан“, други коментираат дека е сосема несоодветен и бесмислен.
„Кралица на светот“, „Ги згази сите, не ме интересира што мислат другите“, „Изгледа прекрасно“, „Можеме ли повторно да почнеме да се облекуваме пристојно?“, „Деновите на часовите одамна се минато. Ова е ужасно“, „Тешко ми е да ја разберам длабочината на ова таканаречено уметничко дело, освен очигледната намера да предизвика бес и да стимулира дебата“, се некои од коментарите.

