Забава
Жизел Бундхен за озборувањата дека го изневерила Брејди: Нема да правам таблоид од животот
 
																								
												
												
											Откако се дозна за разводот на манекенката Жизел Бундхен и поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди, се шпекулира дека таа го изневерувала. Сега првпат реши да одговори на тие озборувања.
„Тоа е лага“, изјави Жизел за озборувањата дека го изневерувала Том со Хоаким Валенте, нејзиниот инструктор по борачки вештини, со кој сега е во врска. Таа додаде дека мрази озборувања.
„Навистина не сакам да правам таблоид од мојот живот. Не сакам да се отворам за сето тоа“, додала Жизел во интервју за „Њујорк тајмс“. Таа се осврна и на критиките со кои се соочи по разводот. „Тоа е нешто што им се случува на многу жени, кои се обвинети кога имаат храброст да напуштат нездрава врска и веднаш се етикетирани како неверни“, вели таа.
Забележува дека никој не може да знае што се случува меѓу две лица зад затворени врати. Таа зборуваше и за новата врска. „Ова е првпат да бидам со некој што претходно ми беше пријател. Тоа е многу пионаку. Тој е искрен и многу транспарентен“, рече таа.

Бундхен и поранешната НФЛ-ѕвезда, Том Брејди, поднесоа барање за развод на 28 октомври 2022 година по 13 години брак. Поранешниот пар има две деца – синот Бенџамин Реин (14) и ќерката Вивијан Лејк (11). Брејди (46) го има и синот Џек (16) од претходната врска.
Врската со Хоаким ја почна во јуни минатата година. „Тие се забавуваат од јуни. Одат бавно. Беа добри пријатели од самиот почеток. Таа е многу приватна во врска со тоа и сакаше да држи сè во тајност додека не се запознаат“, изјави извор претходно за „Пипл“.
Друг извор потврди дека Бундхен и чувствата на нејзиниот тренер се развиле додека биле само пријатели. „Тој ѝ беше голема утеха кога минуваше низ разводот. Нивното пријателство стана романтично по разводот“, вели друг извор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
 
														Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
 
														Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездата од популарната серија „Суитс“ објави гола фотографија од сопругата: Среќен роденден
 
														Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс.
„Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата 44-годишниот актер.
„Среќен роденден @sleepinthegardn – ти си дар кој буквално никогаш не престанува да дава и секој што е доволно среќен да те познава го чувствува тоа. Секогаш одиш напред, ниту еден камен не останува непревртен, нема спиење до Бруклин, нема одмор за злите, нема ако, и или но, нема штета, нема прекршоци, нема храброст, нема слава. Цело срце. Цел труд. Цела љубов. Секогаш и на секој начин“, додаде тој во емотивна порака.
Покрај оваа смела фотографија, Патрик објави и низа други слики од нивните животи, вклучувајќи фотографии од актерката во ледена бања, од заедничко пешачење, како лежат во кревет покрај нивната седумгодишна ќерка Аурора и седат со четиригодишната ќерка Елиот на јога подлога.
фото: принтскрин


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											