Забава
Жизел Бундшен сакала да изврши самоубиство

Една од најубавите и најбогати модели во светот, Жизел Бундшен, откри детали за тешкиот и трауматичен период од својот живот и призна дека дури помислила на самоубиство.
Можеби нејзиниот живот се чини совршен за нас – таа е среќно омажена за американскиот фудбалер Том Брејди, со кого има две деца, но Жизел Бундшен преживеала вистинска драма. Во книгата „Лекции: мојот пат кон посмислен живот“ таа отворено зборува за менталната борба со анксиозност и клаустрофобија.
Таа откри дека во 2003 година првпат имала панични напади, како и дека страда од клаустрофобија и анксиозност.
„Мојата кариера беше на врвот во тоа време, мојот приватен живот беше совршен, а јас се чувствував беспомошна. Светот околу мене беше сè помал и помал, се случуваше да се задушувам, тоа е најлошото чувство во светот“, рече таа и призна дека размислувала за самоубиство.
– Еден ден, кога бев дома, си помислив: „Кога би скокнала од терасата, сето ова ќе престане и никогаш веќе нема да се чувствувам толку одвратно!“
Набргу потоа таа побарала стручна помош.
Бундшен честопати шири позитивните мисли на социјалните мрежи и покажува како медитира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Со доаѓањето на есента, деновите стануваат пократки, температурите се намалуваат, а времето сè почесто е променливо. Овие услови носат поголем ризик од настинки и вирусни инфекции, па затоа потребно е навремено да се зајакне имунитетот.
Лекарите потсетуваат дека здравиот имунолошки систем е клучен за справување со сезонските предизвици. Тие советуваат редовна и разновидна исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, кои се извор на витамини и антиоксиданси. Особено се препорачуваат намирници богати со витамин Ц, како цитрусното овошје, кивито и пиперките.
Физичката активност, дури и во поладните денови, исто така е од големо значење. Брзото пешачење, лесното трчање или вежбањето дома можат да помогнат во одржување на енергијата и подобрување на општата состојба на организмот.
Стручњаците дополнително советуваат доволно сон и намалување на стресот, бидејќи тие се меѓу најчестите фактори кои го ослабуваат имунитетот.
Есента може да биде убава и пријатна, доколку се грижиме за нашето здравје и превентивно го зајакнеме организмот за студените денови кои следуваат.
-
Вклучете повеќе овошје и зеленчук – јаболка, круши, киви, цитрусно овошје, моркови и тиква. Овие намирници се богати со витамини Ц и А, кои го зајакнуваат организмот.
-
Консумирајте намирници богати со цинк – ореви, семки од тиква, интегрални житарки и мешунки, бидејќи цинкот игра важна улога во одбраната од инфекции.
-
Додајте пробиотска храна – јогурт, кефир и кисела зелка, кои ја поддржуваат здравата цревна флора и го јакнат имунитетот.
-
Не заборавајте на топли супи и чорби, особено оние со зеленчук и домашна пилешка супа, кои се вистинска „вакцина“ од природата во студените денови.
-
Вклучете мед и ѓумбир во секојдневната исхрана, познати по своите антибактериски и антиинфламаторни својства.
Топли чаеви за есенски денови
-
Чај од ѓумбир и лимон – ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбранбената моќ на телото.
-
Чај од шипка – богат со витамин Ц, помага против замор и настинки.
-
Чај од камилица – го смирува телото, го намалува стресот и помага за подобар сон.
-
Чај од мајчина душица и нане – корисен за дишните патишта и во борба со кашлица.
-
Зелен чај – природен антиоксиданс, кој го зајакнува
Забава
(Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Селена Гомез се мажи овој викенд: објави снимка на социјалните мрежи

Актерката, пејачка и претприемачка Селена Гомез наговести дека овој викенд се мажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли меил“.
Имено, Селена Гомез објави видео од маса полна со производи за шминкање на официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот бренд за убавина „Rare“.
Покрај производите за убавина, имаше и мобилен телефон, како и црни очила за сонце и сребрена чанта.
„Јас цел викенд“, кратко напиша пејачката.
Видео материјалот ја разбуди имагинацијата на многу нејзини обожаватели, а тие сега претпоставуваат дека Селена ќе го каже судбоносното „ДА“ во текот на викендот, бидејќи… Исто како и секоја невеста, таа ќе посвети доста време на разубавување и нанесување шминка за големиот ден.
Некои американски медиуми веќе објавија дека актерката ќе се мажи овој викенд.