Забава
Заврши триесет и третото издание на „Макфест“
Изминатиот викенд се одржа триесет и третото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Во четвртокот и во петокот, на двете полуфинални вечери, настапија по 16 изведувачи пред преполна сала во Центарот за култура „Ацо Шопов“, соопштија организаторите, а во нивното соопштение се додава дека во саботата вечерта, пак, се одржа финалната вечер, на која настапија 20 изведувачи, кои успеаја да се пласираат во финалето по учеството на двете полуфинални вечери.

„Наградата за најдобар дебитант на фестивалот ‘Душан Љубисављевиќ – Дуле’ отиде во рацете на младата Мина Блажев со нумерата ‘Во други души’. На третата позиција се пласира Дани Димитровска со песната ‘Време’. Втората награда отиде во рацете на познатиот текстописец и вокал Роберт Билбилов, кој ја отпеа песната ‘Чудни места’. Победничка на годинешниот ‘Макфест’ е Антонија Гиговска, која настапи со песната ‘Никогаш не вели никогаш’“, се наведува во соопштението.
Уметничкиот директор, Владимир Дојчиновски, како што се наведува во соопштението, е задоволен од текот на фестивалот, кој со успешната завршница се доближи до најуспешните фестивали во изминатите 33 години.

„На мое огромно задоволство, на задоволство на граѓаните на општина Штип, еве, триесет и трети пат оваа година се организира фестивалот на забавни мелодии ‘Макфест’, најдобриот фестивал во Република Македонија. Може да кажам со сигурност дека ‘Макфест’ е авангарда на македонската музичка сцена, фестивал што многу значи, кој даде многу хитови пред триесетина години и уште се актуелни и се слушаат. Верувам дека и оваа година фестивалот ќе даде многу нови хитови, ќе биде со прекрасен квалитет на музиката и верувам дека ќе има многу хитови што ќе останат запаметени во наредниот период и во наредните години“, истакна градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.
За победниците се обезбедени и награди, односно првонаградените ќе добијат по 5.000, 4.000 и 3.000 евра, а исто така беа доделени и награди за најдобар текст, аранжман, дебитант и за најдобар сценски настап, чии добитници добија по 500 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Потресна исповед на Линдзи Лохан за „Вог“: „Зошто никој не ме заштити?“
Откако се врати во светот на познатите личности, актерката Линдзи Лохан не престанува да ја интригира јавноста. Таа привлекува големо внимание со својот физички изглед, или поточно, со пластичното лице за кое плати многу.
Сега, во новиот број на списанието „Вог“, таа размислуваше за своето воспитување, но и за својот бурен живот проследен со бројни скандали и пиење.
„Често размислувам назад и се прашувам: Зошто некој едноставно не ме одведе од тоа место, зошто некој не ме заштити? Бев тинејџерка.“
Таа зборуваше и за своите рани актерски денови.
„Кога бев помлада, не ми беше удобно да го изразам своето мислење за ликот што го играв. Но, сега е друга приказна, сега имам поголема самодоверба да кажам дека нешто ми се допаѓа или не ми се допаѓа“, рече таа.
Таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас имаат син, Луис, кој го добија во 2023 година. Двојката се надева дека ќе го прошири своето семејство, а дотогаш уживаат во родителството.
„Соработуваме одлично бидејќи тој е толку смирен, а јас сум како петарда. Толку сме избалансирани“, рече таа, опишувајќи го својот живот во Дубаи.
„Живеењето во Дубаи беше паметна одлука. Можам само да поминувам време со моето семејство, а самиот град ме тера да се чувствувам како да сум фокусирана на она што е навистина важно за мене“, вели Линдзи Лохан, додавајќи дека повеќе не мора да се грижи за својот физички изглед во јавноста како порано.
Забава
(Фото/Видео) Уште една убавица уништена од операција: „Тажно, беше прекрасна“
Роузи Хантингтон-Вајтли важи за дама со стил и вкус која го негува минимализмот, но и дамскиот стил на облекување. Со години таа му пркоси на трендот на естетската хирургија, а полните усни, експресивните јаболчници и сините очи беа нејзин заштитен знак.
И потоа сè „тргна наопаку“…
Неодамна, таа носеше ревија за брендот „Барбери“, по што започна лавина од коментари на мрежите. Обожавателите почнаа да забележуваат промени на нејзиното лице, а многумина напишаа дека не ја препознаваат.
„Толку многу процедури на нејзиното лице. Тажно, затоа што порано беше убава“, „Што направи со лицето?“, „Изгледа чудно“, „Го уништи лицето“, се само дел од коментарите…
Гласините за естетската хирургија беа дополнително поттикнати од видео објавено од списанието „Вог“. Многумина напишаа дека нејзиното лице е отечено и дека ја „обвинија“ естетската хирургија за оваа состојба.
Моделот не коментираше за овие коментари.
Забава
(Фото/Видео) Жешките фотографии од Сидни Свини ја одбележаа и оваа недела
Сидни Свини не престанува да привлекува внимание со своите модни избори, но и со своите бизнис идеи. Неодамна лансираше линија долна облека наречена „Syrn“, која брзо стана глобален успех.
Таа продолжи да ја шири својата популарност, а сега ја објави веста дека пристигнала нова колекција интимна долна облека за жени. Објави серија жешки фотографии на Инстаграм, а нејзиното заводливо селфи беше во преден план.
За оваа пригода носеше бел чипкаст градник кој ги истакна нејзините најголеми адути – нејзините бујни гради. Изгледот го надополни со густи кадрици кои многу потсетуваат на стариот холивудски гламур.
Покрај тоа, и самиот опис на објавата привлече внимание, бидејќи ја откри намерата на актерката. Односно, Сидни сака да внесе „малку романтика во секојдневните моменти“ – што е воедно и слоганот на брендот кој воодушеви многумина.

