Забава
Зад будалестата насмевка на Ештон Кучер се крие голем финансиски мозок

Омилениот актер меѓу женскиот пол освен со актерство се занимава и со инвестирање во младите луѓе и нивните идеи, а малкумина знаат дека е и голем борец за правата на децата и жените во целиот свет.
Кога велиме Airbnb, Uber, Skep, Spotifay, сигурно не помислуваме на Ештон Кучер. Сепак, тој инвестираше свои пари за тогаш малите технолошки претприемачи да станат она што се денес – големи корпорации чии услуги ги користат луѓето во целиот свет.
Последната интересна инвестиција на Кучер беше апликацијата наречена „Фитбит за крави”. Таа го мери бројот на отчукувања, чекори и општото здравје на кравите.
Во 2009 година Качер уште додека беше во брак со Деми Мур ја основа организацијата „Торн: дигитална одбрана на децата“, која работи на спречување на сексуална експлоатација на деца и ширење на детска порнографија на глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28-ми роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е мета на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позираше во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење кој совршено ги истакнува нејзините облини.
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го прилагодите деколтето на градите.
Сидни позираше во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна гласини дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на Инстаграм на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал, поттикнувајќи гласини за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се сликам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, а обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, додека некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се слика“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 1980-тите и 1990-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Обожавателите ѝ пееја на Брена под прозорецот по нејзиниот настап во Ровињ, таа им се придружи

Лепа Брена во саботата настапи во Ровињ како изненадувачки гостин на забавата на еден бенд. По настапот, обожавателите се собраа пред хотелот каде што таа престојуваше и ѝ пееја под прозорецот.
Брена излезе на балконот, ги поздрави и сите заедно ги испеаја нејзините хитови.
@minja_mirkovic @LepaBrena 👑❤️! Veliki zagrljaj za sve ove ljude u Rovinju! 🇭🇷❤️ #lepabrena #rovinj #croatia #fyp #foryoupage ♬ original sound – minja_mirkovć
Бендот почна да ги пее нејзините песни, а набрзо се собраа повеќе обожаватели, и се случи вистинска забава. Дел од изведбата беше објавен на „Тик-ток“. „Брена е легенда и најголема ѕвезда“, напишаа луѓето во коментарите.
фото: принтскрин